Контакт

Европа

Внуката на Сергеј Скрипал се сомнева во истрагата на властите во Британија за труењето на Јулија и нејзиниот татко

Објавено пред

Внука на поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипал предупреди дека не треба да се земе „здраво за готово“ изјавата на британската Влада.

Во интервју за весникот „Известија“, Викторија Скипал вели дека тврдењата за двајцата руски државјани обвинети за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија може да се измама, пренесува „ТАСС“.

Како што посочува таа, по малку е скептично дека двајца Руси учествувале во нападот на Скрипал и неговата ќерка, таа смета дека ова е обид на британската премиерка, Тереза Меј, да се оправда пред парламентот.

„Знаете, поминаа шест месеци. Точно шест месеци. Имам само едно прашање: Ако Британците го знаеле тоа, зошто претходно не соопштија“, праша Викторија.

Во својата изјава таа вели дека верува дека теоријата на британските истражители дека двајцата обвинети користеле лажни руски пасоши и дека нивните слики лесно можеле да се променат во документите е по малку сомнителна.

Таа е збунета бидејќи, како што вели, британските власти се противеле на нејзината желба да се сретнат со Сергеј и Јулија Скрипал во Велика Британија, пренесуваат тамошните медиуми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Швајцарскиот амбасадор во Русија повикан на разговор поради обвинувања за шпионажа

Објавено пред

Од

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека свикало состанок со швајцарскиот амбасадор во Москва, Иво Росие.

Како што се наведува, тој бил повикан за да ги објасни швајцарските обвиненија поврзани со наводна руска шпионажа, објави „Ројтерс“.

Швајцарија неделава побара од Русија да ги суспендира шпионските активности на територијата на таа земја, појаснува британската агенција.

Швајцарија го испрати ова барање кога беа откриени два сомнителни случаја поврзани со шпионажа.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на германското разузнавање разрешен поради изјава во врска со нередите во Кемниц

Објавено пред

Од

Шефот на германската служба за внатрешна безбедност, Ханс Георг Масен, е сменет од функцијата поради конфликтот со германската канцеларка, Ангела Меркел, во врска со антиимигрантските насилства во германскиот град Кемниц.

Канцеларијата на Меркел денеска кусо соопшти дека Масен е заменет и ќе работи на нова позиција во Министерството за внатрешни работи, објави агенцијата АП.

Одлуката, која доаѓа по состанокот на лидерите на трите владејачки германски партии, Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија на Баварија и Социјалдемократската партија на Германија, претставува пораз за конзервативците во сојузот на Меркел, објави агенцијата.

Социјалдемократите и некои членови од Христијанско-демократската унија на Меркел побараа Масен да биде разрешен од позицијата поради неговите ставови кои одеа во прилог на екстремната десница.

Масен, всушност, беше критикуван поради јавно изнесените сомнежи за автентичноста на едно видео кое покажува како ултрадесничари бркаат миграти по убиството на Германец во Кемниц.

Прикажи повеќе...

Европа

Според нов руски закон, оние што одбиваат да демантираат лажни вести може да завршат во затвор

Објавено пред

Од

Руските пратеници изгласаа закон со кој се предвидува казна затвор до една година за медиуми и физички лица кои не сакаат да повлечат или негираат информации за кои судот ќе оцени дека се лажни.

Врз основа на новата верзија на член 315 од Кривичниот законик, сторителите кои одбиваат да повлечат или негираат лажни информации, кои како такви ќе ги оцени судот, ќе се казнат со глоба (630 евра) и со една година затвор.

Текстот што е објавен на интернет-страницата pravo.ru се однесува на физички и правни лица, односно на корисници на социјални мрежи.

За нацрт-законот, коj пратениците во Думата, Долниот дом на рускиот парламент, го прифатија во второ читање, а за кој претстои и трето, ќе гласаат и сенатори, што во суштина е само формалност по што легислативата оди на потпис каj претседателот Влдимир Путин.

Како што наведува невладината организација „Агора“, која ја чинат правници и експерти за човекови права, во 2017 година во Русија 43 лица биле осудени поради објави на интернет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура8 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ10 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија11 час

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија11 час

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет11 час

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија13 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет13 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа24 часа

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news1 ден

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија1 ден

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија1 ден

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет1 ден

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија1 ден

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион1 ден

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести2 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион2 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие