Контакт

Свет

Возач на комбе за испорака на пари во Франција исчезнал со милион евра

Објавено пред

Возач на блиндирано возило за испорака на готовина исчезнал во близина на Париз со речиси еден милион евра, пренесува „Локал“.

Момчето околу 6 часот запрело пред експозитурата на „Вестерн унион“ во Обервијерие, предградие северно од Париз, и останало во возилото додека двајца негови колеги влегле внатре.

„Кога се вратија, ни комбето ни возачот го немаше“, вели еден од изворите.

Комбето било пронајдено набргу потоа неколку блока подалеку со широко отворени врати, но возачот и торбите со готовина, во вредност од околу милион евра, не биле пронајдени.

„Ломис, компанијата за блиндирани возила, не сакала да го коментира инцидентот, а одделението за борба против бандите во француската полиција отворило истрага.

Последниот голем грабеж во Франција се случи во ноември 2009 година кога Тони Мусулин избегал во оклопното комбе со кое управувал со најмалку 11,5 милиони евра во готовина собрани од зградата на Банката на Франција во Лион.

Тој беше фатен по малку повеќе од една недела во бегство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Неофицијално, пожарот во Нотр Дам го предизвикал краток спој

Објавено пред

Краток спој, најверојатно, го предизвикал пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, тврди неименувано официјално лице на француската судска полиција.

Меѓутоа, тој напоменува дека од безбедносни причини лицата што ја водат истрагата сè уште не добиле зелено светло за работа во катедралата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави претходно петгодишен план за обнова на Нотр Дам. Експертите го оценија планот како премногу амбициозен бидејќи проценуваат дека обновата би можела да трае и до 15 години.

 

Прикажи повеќе...

Свет

За обидот за палење на катедралата во САД осомничен е професор

Објавено пред

Универзитетски професор е уапсен за обидот за палење на катедралата во Њу Џерси.

Њујоршката полиција соопшти дека професорот Марк Лампарело (37) е осомничен за обидот за предизвикување пожар, како и за кривично дело предизвикување општа опасност. Тој денеска планирал да замине за Рим за што имал резервирано лет.

Осомничениот, по приведувањето, рекол пред полицајците дека минувал покрај катедралата за да стигне до авенијата Медисон бидејќи во комбето снемал бензин, пренесе АП.

Полицијата ги проверила наводите и забележала дека возилото не останало без бензин. Се наведува дека осомничениот претходно ѝ бил познат на полицијата.

На прашањето дали инцидентот е со терористички мотиви, заменик-комесарот за известување и антитетористички работи на њујоршката полиција, Џон Милер, изјави дека е прерано да се заклучи такво нешто.

Тој, сепак, забележа дека до инцидентот дошло два дена по пожарот во париската катедрала Нотр Дам.

Мажот влегол во катедралата „Свети Патрик“ во Њујорк со два канистра полни со бензин, течност за запалки и запалка кога се судрил со обезбедувањето. Потоа сакал да излезе, но бензинот се истурил по подот, а обезбедувањето ја известило полицијата. Тие го уапсиле и го однеле на сослушување.

Прикажи повеќе...

Свет

Поради ракун, откажани часовите во основно училиште во Охајо

Објавено пред

Во основно училиште во Охајо во тек е потрагата по ракун поради што денешните часови биле откажани.

АП пренесе дека ракунот залутал во училиштето, па наставата била откажана.

Агенцијата додаде дека потрагата нема да заврши добро за ракунот бидејќи кога станува збор за вакви случаи, вообичаена пракса било животното да се успие.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201910 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија12 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија13 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201913 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија14 часа

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија16 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет17 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет18 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет19 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија19 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет20 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа20 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија2 дена

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија2 дена

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие