Контакт

Свет

„Вол Стрит џурнал“: Убиениот полубрат на Ким Џонг-ун бил шпион на ЦИА

Објавено пред

Полубратот на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-нам, кој беше убиен во Малезија во 2017 година, бил шпион на американската разузнавачка агенција – ЦИА, објави „Вол Стрит џурнал“, кој се повикува на неименуван добро упатен извор.

Според информациите, многу детали околу поврзаноста на Ким Џонг-нам и ЦИА остануваат нејасни.

Од ЦИА засега нема коментари на овие информации.

Јужнокорејски и американски функционери велат дека властите во Северна Кореја го наредиле убиството на Ким Џонг-нам, кој го критикувал династичкото владеење на неговото семејство. Пјонгјанг, пак, ги отфрла овие обвинувања.

Две жени се обвинети за труење на Ким Џонг-нам, со поливање на неговото лице со токсична течност, што е забрането хемиско оружје, на аеродромот во Куала Лумпур во 2017 година. Жените беа ослободени откако судот утврди дека тие не знаеле дека течноста со која го полиле Ким е токсична.

Свет

Отруени 75 лица во Малезија, вдишале токсични гасови од отпадот на фабриките

Објавено пред

Повеќе од 500 училишта и детски градинки денес беа затворени во Малезија кога десетици лица беа хоспитализирани со симптоми што се совпаѓаат со вдишување отровни гасови.

Повеќето од 75-те хоспитализирани ученици имале проблеми со дишењето, повраќале и имале вртоглавица. Постои сомневање дека вдишале токсични гасови, најверојатно од отпадот што фабриките го фрлале во јужната малезиска држава Џохор, во близина на границата со Сингапур.

„Се чини дека има фабрики што не се премногу загрижени за безбедноста, па инцидентот се повторува. Затоа треба да ги идентификуваме оние што се одговорни“, рече малезискиот премиер Махатир Мухамед.

Сличен инцидент се случи во март во Малезија кога беа хоспитализирани 1.200 лица со слични симптоми.

Прикажи повеќе...

Европа

Ерменскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан

Објавено пред

Судот во Ерменија денеска нареди апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, обвинет за злоупотреба на власта.

Кочаријан беше уапсен во јули минатата година. Тој беше ослободен со кауција до почетокот на судењето, објави „Ројтерс“.

Обвиненијата се однесуваат на последниот период од неговиот мандат кога во 2008 година тој им наредил на армијата и на полицијата да ги скршат протестите против резултатот на изборите на кои се избираше неговиот наследник.

Прикажи повеќе...

Свет

Арчил Талаквадзе нов претседател на грузискиот парламент

Објавено пред

Грузискиот парламент денеска го избра кандидатот на владејачката партија Грузиски сон, Арчил Талаквадзе, за свој нов претседател бидејќи претходниот претседател на собранието поднесе оставка по насилните протести во Тбилиси.

Талаквадзе беше избран едногласно кога пратениците од опозицијата ја напуштија седницата во знак на протест поради одбивањето на владејачката партија да разговара за министерот за внатрешни работи за кого опозицијата смета дека е одговорен за прекумерната употреба на полициска сила против демонстрантите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион2 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија3 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија3 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија5 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија6 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија6 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет8 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет8 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија23 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ1 ден

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија1 ден

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Досие