Контакт

Свет

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Објавено пред

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога во Мексико. Нападот се случил во градот Ирапуату, во сојузната држава Гванајуату.

Полицијата соопшти дека тројца ранети се во тешка состојба, пренесе „Ројтерс“.

Непознати напаѓачи, според информациите, пукале во сите во центарот за рехабилитација. Нема киднапирани, додала полицијата.

Фотографии од  местото на настанот укажуваат дека лицата во центарот лежеле кога на нив било пукано.

Засега не е познат мотивот за нападот, но гувернерот Дијего Синхуе Родригез Ваљехо изјавил дека најверојатно во нападот се вмешани наркобанди, пренесе АП.

Тој додал дека длабоко жали и го осудува овој напад.

Гванајуато е центар на крвави судири меѓу наркокартелот Халиско и локални банди, оваа сојузна држава стана место на најголеми насилства во Мексико.

Регион

Кон: Ако не се почитуваат мерките, на натпреварите во Србија никогаш веќе да нема публика

Објавено пред

Членот на српскиот кризен штаб, епидемиолог Предраг Кон, го изрази својот став дека публика никогаш повеќе не треба да има на спортски натпревари, доколку не се почитуваат мерките за физичко растојание, како превенција од коронавирусот.

„Мерките не смеат да бидат олабавен како првиот пат. Ова особено точно важи за спортски натпревари. Доколку не се гарантира дека мерките ќе се почитуваат, според мое мислење, никогаш повеќе не треба да има публика на натпреварите“, рече Кон за порталот „Објектив“.

Тој додаде дека стравува оти ситуацијата со нов бран на вирусот ќе се повтори откако ќе се олеснат мерките и предупреди дека тоа што веќе еднаш се случи во Србија, не смее да се повтори, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Свет

Австралиец со голи раце удирал ајкула за да ја спаси својата сопруга

Објавено пред

Човек од Австралија скокнал од својата даска за сурфање врз ајкула која ја нападнала неговата сопругата и го удрил морското живото неколку пати, додека тоа не ја пуштило жената, пренесува Би-би-си.

Шантел Дојл (35) сурфала на плажата Шели во Нов Јужен Велс кога била нападната од ајкулата. Нејзиниот сопруг тогаш започнал да ја удира ајкулата сè додека не ја ослободил, а потоа ја однел сопругата на брегот. Таму, случајни минувачи и дале прва помош на жената. Дојл потоа била однесена во болница со тешки повреди на десната нога.

Експертите веруваат дека несреќната жена била нападната од голема бела ајкула со должина до три метри. Од службата за спасување го пофалиле нејзиниот сопруг Марк Рапли поради брзата и смела реакција.

Прикажи повеќе...

Европа

Четворица работници загинаа во Русија при уривање на зграда

Објавено пред

Четворица работници загинале денеска во Русија, додека работеле на уривање на зграда која се наоѓала веднаш до рудник за јаглен, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Од компанијата „Северстал“ во чија сопственост е рудникот велат дека работниците се од друга фирма и биле ангажирани за уривање на објектот. Несреќата се случила затоа што најверојатно не се почитувале правилата за безбедност при работа.

Производството на јаглен во рудникот Воргашорскаја, лоциран во непосредна билизина на местото на несреќата во северозападна Русија, не е загрозено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистриран 141 случај на новозаразени, починаа четворица пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија2 часа

НБРСМ: Сите мерки што ги презедовме за „Еуростандард“ банка беа за заштита на депонентите

Народната банка соопшти дека во врска со, како што наведува, невистините и клеветите изнесени од страна на сопствениците на „Еуростандард...

Регион4 часа

(Видео) Албанци чекаат со денови на границата со Грција – колона долга 20 километри

Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои...

Свет5 часа

Голема акција во Шпанија – запленет имот вреден 8 милиони евра и уапсени 75 лица

Шпанската цивилна гарда заплени криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица. Тие се сомничат...

Регион5 часа

Во последните 24 часа во Словенијa 32 новозаболени

Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од...

Свет7 часа

Русија почна со производство на вакцината

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство. Русија соопшти...

Регион8 часа

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет8 часа

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Македонија9 часа

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија22 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија1 ден

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија1 ден

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија1 ден

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ1 ден

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Досие