Контакт

Свет

Во Австралија на четири месеци скратено времето помеѓу втората и третата доза од вакцината

Објавено пред

Австралија, која веќе го намали интервалот помеѓу втората и третата доза на вакцината против Ковид-19 од шест на пет месеци, планира дополнително да го скрати времето на чекање, изјави австралискиот министер за здравство, Грег Хант.

dobivaj vesti na viber

Третата доза од вакцината ќе им биде понудена од 4 јануари на сите луѓе над 18 години што ја примиле втората доза четири месеци порано, а потоа до крајот на јануари интервалот повторно ќе се намали на три месеци.

„Овие датуми се поставени како мерка на претпазливост за да им се обезбеди рана и континуирана заштита за Австралијците“, рече Хант.

Повеќето држави вршат притисок врз владата да им дозволи на повеќе луѓе да ја земаат третата доза за да го запрат порастот од заразниот сој омикрон. Властите го намалија времето на чекање од шест на пет месеци пред две недели, соопштија агенциите.

Австралија се обидува да го забрза воведувањето трета доза откога стана една од земјите со најголем број вакцинирани луѓе против Ковид-19 во светот, со повеќе од 90 отсто од лицата на возраст над 16 години што примиле две дози.

По појавата на сојот омикрон, сѐ поголем број земји го скратуваат времето на чекање за третата доза на помалку од шест месеци. Јужна Кореја, Велика Британија и Тајланд го скратија тој интервал на три месеци во декември.

И покрај рекордниот број случаи, властите се надеваат дека болниците нема да бидат под екстремен притисок поради новиот вид за кој се тврди дека е помалку опасен од другите видови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Квебек бара меѓународна поддршка за борба против повеќе од 160 шумски пожари

Објавено пред

Квебек бара поддршка на меѓународно ниво додека се бори со повеќе од 160 шумски пожари за време на, како што велат федералните власти, една од најлошите сезони на пожари во Канада досега, пренесува „Ал Арабија“.

dobivaj vesti na viber

Со повеќе од 480 пожарникари на терен, Квебек може да се справи со околу 30 пожари, рече вчера премиерот на Квебек, Франсоа Лего, додавајќи дека вообичаено напомош доаѓаат пожарникарите од другите провинции, но сега и таму имаат полни раце работа.

Во петокот попладне низ Канада гореа 324 пожари, а од вчера тој број се зголеми на 413, а до доцна попладне, вкупниот број повторно се зголеми на 420.

„Ситуацијата останува сериозна“, рече министерот за подготвеност за вонредни состојби Бил Блер. „Сликите што ги видовме досега оваа сезона се едни од најтешките што сме ги виделе во Канада и тековната прогноза за следните неколку месеци укажува на поголем ризик од активни пожари од нормалното“.

Во Квебек се пријавени повеќе од 160 пожари, од кои најмалку 114 се надвор од контрола. Повеќе од 173.000 хектари изгореа годинава во Квебек во зоната на пожари под интензивна заштитна – областа каде што вообичаено има најмногу активни пожари – во споредба со 10-годишниот просек од 247 хектари, соопшти Агенцијата за превенција од шумски пожари во Квебек (СОПФЕУ).

Влажното време Нова Скотија на Атлантскиот брег ѝ овозможи на таа покраина да ги ослободи канадерите и да ги испрати во Квебек, каде што изминатиот викенд се разгореа шумски пожари.

Лего рече дека дополнителни 200 пожарникари доаѓаат од Франција и од САД, а Квебек преговара и со Костарика, Португалија и Чиле додека бара дополнителни ресурси.

„Со дадените проекции, се очекува да имаме доволно ресурси за да го поминеме летото“, рече премиерот Џастин Трудо. „Ако работите се влошат, развиваме планови за вонредни ситуации“.

Пожарите принудија околу 10.000 луѓе да ги напуштат своите домови во Квебек, а повеќето од нив се во северозападниот регион Абитиби и источниот регион Кот-Норд.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Украина подготвувала терористички напад со „валкана бомба“ на руска територија

Објавено пред

Украинското воено разузнавање планирало да изврши терористички напад во Русија користејќи „валкана бомба“, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

ФСБ дошла до овие планови во текот на истрагата за обид за саботажа на аеродромот „Северни“ во регионот Иваново, каде што Главната разузнавачка управа (ГУР) на украинското Министерство за одбрана имала намера да оштети авиони со долг дострел.

„Конкретно, бил развиен план за испорака и поставување на т.н. валкани бомби опремени со тајмери ​​за одложување, за истовремено да се нанесе штета и да се направи областа несоодветна за живеење“, велат од ФСБ.

За таа цел, шефот на украинскиот ГУР, Кирил Буданов, создал единица со лесномоторни авиони, која требало да ги снабдува диверзантските и разузнавачките групи во Русија со оружје, како и да ја напаѓа инфраструктурата за гориво и енергија.  Координацијата на употребата на лесни авиони ѝ била доверена на воената единица бр. 3449 со кодно име „Легија“, што е дел од ГУР.

„Од почетокот на годината, оваа единица планирала и извела пет лета во Русија, при што била оштетена инфраструктура за гориво и енергија во регионите на Русија кои граничат со Украина“, додава ФСБ.

Како резултат на специјалните операции, руските безбедносни служби привеле двајца пилоти, кои признале. Еден од нив, по име Шимански, рекол дека раководството на украинското разузнавање разговарало за можноста за пренесувањр мали преносни нуклеарни полнења во Русија.

Вториот, Александар Морозов, признал дека неговата задача била бомбардирање во областа Бријанск, а целта била складиште за гориво и мазива. Неговиот авион бил оштетен, а тој бил заровен кога принудно слетал.

„Валкана бомба“ е контејнер со радиоактивни изотопи и експлозивно полнење. Кога ќе се активира, контејнерот се уништува, а радиоактивното полнење се распрскува со ударен бран, загадувајќи голема површина.

На крајот на октомври минатата година, веродостојни извори од различни земји, вклучително и од Украина, објавија дека властите во Киев подготвуваат провокација на сопствена територија поврзана со детонација на „валкана бомба“ или нуклеарно оружје со слаба моќност.

За слични намери предупредуваше и руското Министерство за одбрана, а, според нив, целта на провокацијата била да се обвини Русија за употреба на оружје за масовно уништување.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Герашченко:16.000 луѓе се во критичната зона по уништувањето на браната

Објавено пред

Антон Герашченко, поранешен министер и актуелен советник на украинското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави дека околу 16.000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата предизвикана од уништувањето на браната Нова Каховка во областа Херсон на југот на Украина.

dobivaj vesti na viber

Герашченко објави видео за кое тврди дека покажува поплавено населено место.

„Околу 16.000 луѓе се наоѓаат во „критичната зона“ во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепро“, изјави шефот на воената администрација на Херсон. „Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно“, напиша Герашченко.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Бегајќи од полиција излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил...

Топ1 час

МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги земале парите

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја...

Македонија2 часа

Разнесен банкомат во Чаир

Утрово во Чаир е разнесен банкомат. Според информациите, со експлозив бил разнесен банкомат на НЛБ банката, кај „Алпи“ на улица...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана Нова Каховка, нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион2 часа

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет2 часа

(Видео)Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија11 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија14 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ15 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија16 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија18 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион18 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија20 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија20 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија21 час

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија22 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија23 часа

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија1 ден

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...

Свет1 ден

Гори енергетска централа во Белгород, дрон фрлил бомба, тврди руски гувернер

Гувернерот на рускиот град Белгород соопшти дека во тој регион избувнал пожар во енергетска централа. Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород,...

Вести1 ден

Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени...