Европа
Во Австрија замрзнати 253 милиони евра, имот на руски олигарси

Во Австрија досега се замрзнати 253 милиони евра, имот на руски олигарси, соопшти австриската влада, објавија австриските медиуми.
Надлежната работна група, предводена од Управата за државна безбедност и разузнавачки служби во МВР, како што пишуваат медиумите, ги замрзнала парите на вкупно 97 жиро-сметки.
Тоа е речиси двојно повеќе отколку што Германија најави во март, се наведува во соопштението.
Истражните органи успеале да пронајдат пет записи во сопственичките книги, кои, како што се сомнева, имале цел да го скријат имотот, е наведено во написите.
Пишуваат дека цел на истражните органи се и други случаи, кои исто така се сомничат.
„Кога руските олигарси и нивните организации ја поддржуваат војната против Украина, тогаш тие се соучесници во злосторствата што се случуваат таму“, рекол австрискиот канцелар Карл Нехамер во изјава за АПА.
Тој нагласил дека Австрија прави сѐ за да обезбеди целосно спроведување на санкциите против оние што водат војна и го поддржуваат Владимир Путин, пренесуваат агенциите.
„Ги удираме олигарсите со овие мерки токму таму каде што ги боли – со пари“, рекол Нехамер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.
Европа
Лавров: Киев лаже!

Наводите дека руската војска ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев се лага, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат тамошните медиуми.
„Со еден збор – тие лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно изнесува факти“, истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега Буи Тан Сон.
Лавров уште и рече дека „западните земји мора да се свесни за својата одговорност без оглед како и што објаснуваат украинскиот претседател Зеленски и неговите соработници“.
„Западот мора да е свесен за својата одговорност за губењето цивили, пред сè во Донбас и во другите делови на Украина“, рече Лавров.