Европа
Во Австрија почнува казнувањето поради невакцинирање

Тежок период ги очекува Австријците пред важење на Законот за задолжителна вакцинација.
Австриската влада е пред одлука дали, како што е планирано, од средината на месецот да почне да го казнува непочитувањето на задолжителната вакцинација против коронавирусот.
Речиси милион граѓани сè уште не ги исполнуваат законските обврски.
За повеќе од 404.000 е намален бројот на лица кои не ја исполнуваат законската обврска од стапувањето во сила на задолжителната вакцинација, од 1,3 милиони на 972.289, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Но, таа бројка не е намалена затоа што граѓаните се вакцинирани, туку пред сè благодарение на сојот омикрон, заразени и лица кои го прележале Ковид-19 и со тоа ја исполнуваат законската обврска.
Според Министерството, три четвртини од возрасната популација имаат валиден сертификат за вакцинација. Тоа се околу 5,69 милиони граѓани, а за споредба на почетокот на февруари потврда имале 5,63 милиони.
Повеќе од двојно се зголеми бројот на луѓе кои го победија ковидот – од 324.000 на 729.000. Како резултат на тоа, 13 проценти од возрасната популација на Австрија во моментов го прекршуваат законот за задолжителна вакцинација.
Особено високо учество има Виена со 16 отсто, потоа Корушка и Форарлберг со 14 отсто, а Тирол има најмал удел на невакцинирани лица со 11 отсто.
Фактот дека Виена има најмногу луѓе кои го прекршуваат законот за задолжителна вакцинација може да се припише на нејзините построги мерки, бидејќи помалку Виенци се заразиле отколку во другите делови на Австрија, а стапката на вакцинација од 77 отсто е меѓу највисоките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Претседателот на Финска: Ќе поминеме преку барањата што Турција ги искажа

„Финска ќе помине преку барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и на Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.
„Имаме причина да поминеме преку она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори“, изјави Нинисто на новинарите, пренесе „Ројтерс“.
По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.
Европа
Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од Мастрихт.
Неговата изјава дојде во време на обновена дебата за можните промени во начинот на кој функционира ЕУ, делумно поттикната од конференцијата за иднината на Европа, која предложи подлабока интеграција, вклучително и укинување на националното вето.
Ова го поттикна Европскиот парламент да повика на ревизија на неколку договори на Европската Унија, иако идејата долго време предизвика сомнеж кај многу членки на ЕУ, кои веруваат дека тоа не е неопходно и би го оттргнало вниманието од поважни прашања.
Доколку е потребно, можеме да разговараме за измена на неколку договори, вклучувајќи го и договорот за ЕУ, што не е табу, рече Шолц во Бундестагот.
Но, нагласи дека за такво нешто ќе треба најголем можен консензус бидејќи во овој момент најмалку се потребни полемики за институционалните прашања.
По одлуката на Унгарија да ја блокира забраната за купување руска нафта, минатата недела многу се зборуваше за тоа дали ЕУ треба да ја укине одлуката за вето за надворешната политика.
Некои лидери на ЕУ поддржуваат укинување на ветото за некои прашања и промена на договорот, но далеку од јасно е дали тие би се договориле за тоа кои одлуки може да се усвојат со мнозинство гласови и кои елементи од договорот треба да се променат, пишува „Политико“.
Шолц денеска оцени дека мнозинството гласови е една од идеите чија цел е ЕУ да биде поефикасна и посочи дека е среќен што сè повеќе луѓе ја следат.
Некои членки на ЕУ веќе се изјаснија против промена на договорот за ЕУ, а на почетокот на мај, 13 земји, вклучително и балтичките и скандинавските, изјавија дека не ги поддржуваат несоодветните и предвремени обиди за почнување на процесот за промена на договорот, пренесуваат медиумите.
Европа
Премиерот на Италија апелира за итен прекин на огнот во Украина и олеснување на преговорите

Италијанскиот премиер Марио Драги, денеска, повика на итен прекин на огнот во Украина за да се овозможат преговори.
„Мора да се постигне прекин на огнот што е можно побргу“, рече Драги во обраќањето пред Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламент, отворајќи дебата за улогата на Италија во поддршката на Украина, која создава растечки тензии во владејачкото мнозинство.
Премиерот Марио Драги наведува дека е важно да се задржи притисокот врз Русија преку економски санкции бидејќи Москва мора да биде доведена на преговарачка маса, пренесе „Танјуг“.