Контакт

Вести

Во Астана започнаа мировните преговори за Сирија

Објавено пред

Преговорите за јакнење на прекинот на огнот во Сирија што е вовед во разговорите за политичката транзиција во земјата меѓу делегациите на владата на претседателот Башар ал-Асад и вооружената сунитска опозиција, започнаа во понеделникот во казахстанската престолна Астана.

Самите преговори, во последен момент според откажувањето на опозицијата поддржувана од Западот, нема да бидат водени директно туку преку посредник. Имено, уште од обидите за заживување на меѓусириските преговори во Женева во 2016 година, владаа и опозицијата ниеднаш не седнаа на заедничка маса.

На отворањето на разговорите во хотелот „Rixos“ во Астана, се обрати казахстанскиот министер за надворешни работи Кајират Абдархаманов, кој порача дека е „време сите страни да направата напори кои сирискиот народ ги заслужува“. Го придружуваа постојаниот претставник на Сирија во ОН Башар Џафати и Мухамед Аљуш, претставник на Џаиш ал-Ислам, групација која се смета за главен претставник на опозицијата во Астана.

Ахмед Рамадан, шеф за односи со јавноста на Сириската национална коалиција потврди за агенцијата DPA дека сегашните нема да е водат директно во четири очи меѓу бунтовниците и претставниците на владата бидејќи „времето за тоа уште не е созреано“.

Покровители на преговорите се Русија и Иран, како сојузници на сирискиот претседател ,Башар ал-Асад и Турција која ги поддржува вооружените сунитски опозициски групации.

Претставници на бунтовничката делегација во Астана за агенцијата ТАСС рекле дека ќе разговараат само за тоа како да се зацврсти прекинот на огнот и да се доставува хуманитарна помош на опколените градови, како и дека нема да влегуваат во политички преговори.

Самите покровители на преговорите претходно изјавија дека оваа средба треба да претставува подготовка за продолжување на мировните преговори во швајцарска Женева, кои се одвиваат под покровителство на Обединетите нации.

Меѓутоа, забележливо е што Турција, еден од најжестоките противници на сирискиот претседател Асад, деновиве ретерираше во своите ставови и појасни дека тој не може да биде исклучен од преговорите за политичката транзиција на земјата, како што досега се инсистираше.

Шефот на казахстанската дипломатија Абдарахманов во воведниот говор потсети дека разговорите во Астана се вовед во мировните преговори закажани за 8-ми февруари во Женева. „Убеден сум дека Астана ќе ги создаде потребните услови за сите страни да најдат соодветно решение за сириската криза во рамките од Женева“, ги цитира неговите зборови AFP.

Прекинот на огнот кој го договорија Русија и Турција стапи на сила кон крајот на декември и тој главно се почитува на териториите кои се под контрола на силите над кои Москва и Анкара имаат влијание.

Но сириската владина војска, вооружената опозиција и арапско-курдските сили, кои не се повикани во Астана по турско инсистирање, на различните боишта се борат со екстремистичките организации како Исламската држава и некогашната Џебхат ан-Нусра, кои не се опфатени со руско-турското примирје./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ36 минути

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија41 минута

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија59 минути

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...

Македонија1 час

Во Анталија потврдена соработката: Сиљановска-Давкова и Ерен за нови проекти со ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто...

Македонија1 час

Реконструиран кејот кај Маџир Маало: нови спортски терени и простор за рекреација

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и...

Македонија1 час

СДСМ поднесе интерпелација за Трипуновски, обвинува за корупција и колапс во земјоделството

Пратеникот од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Љупчо Николовски, соопшти дека пратеничката група поднела интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски,...

Регион2 часа

Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за...

Македонија2 часа

Медицинските средства добиваат посебен закон и нови правила, објавен е предлогот

Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за...

Економија3 часа

(Видео) Поскапеа и зеленчукот и овошјето, а мерки нема, рече портпаролката на СДСМ, Кузеска

Портпаролката на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Богданка Кузеска, оцени дека економијата бележи пад и дека граѓаните се соочуваат со...