Контакт

Европа

Во Берлин масовен протест против екстрeмната десница

Објавено пред

Демонстранти од цела Германија денес во Берлин маршираа против ксенофобијата и екстремната десница, во рамки на еден од најголемите собири во земјата во последните години.

Организаторите изјавија дека се собрале повеќе од 150.000 демонстранти, како реакција на тоа што во текот на летово во повеќе источногермански градови беа организирани анти-имигрантски протести, а поддршката за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) се зголеми во пресрет на баварските избори во недела, објави агенцијата „Ројтерс“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Западна Европа зафатена од нов топлотен бран

Објавено пред

Нов топлотен бран со очекувани температури меѓу 37 и 43 Целзиусови степени ја зафатија од денеска северозападна Европа. Од петок се очекува намалување на температурите.

Високи температури од 37 до 43 Целзиусови степени ја зафатија северозападна Европа. Речиси цела Франција е погодена од горештините, но не се очекува да биде надминат рекордот од 46 степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз, каде што в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.

Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, како и во провинцијата Сар, каде што исто се очекува температурата да надмине 40 степени.

Посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и Холандија. Велика Британија в четвртокво југоисточниот дел ја очекуваат 37 степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.

Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и во Болцано, а температурен аларам за четврток има за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети.

Прикажи повеќе...

Европа

Литванскиот парламент му изгласа доверба на Сквернелис

Објавено пред

Парламентот на Литванија во вторникот му изгласа доверба на премиерот Саулиус Сквернелис, процедурален чекор по претседателските избори на 12 јули.

Сквернелис беше поддржан од 83 пратеници, од вкупно 114 кои гласаа.

Откако не успеа да помине во првиот круг на претседателските избори, Скерлелис првично се заложи да поднесе оставка на денот на инаугурацијата, но потоа се откажа од своето ветување.

Прикажи повеќе...

Европа

Нов топлотен бран во Европа

Објавено пред

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува да бидат слични со оние за време на топлотниот бран во јуни.

Температурите во Велика Британија би можеле да го надминат досегашниот рекорд во земјата до четврток, надминувајќи 38,5 Целзиусови степени, што досега беше највисоката температура во земјата, измерена во Кент во август 2003 година.

Пол Гундерсен, главен метеоролог на британскиот меторолошки завод, изјави дека ситуацијата е многу слична како и онаа за време на јунскиот бран, кога топол воздух што се движи кон север од пустината Сахара зафати делови од континентот.

„Покрај високите температури во текот на денот, и температурите во текот на ноќта ќе бидат значително високи и би можеле да ги скршат рекордите“.

Овој пат топлиот воздух се движи на север од Иберискиот Полуостров.

Рекордни температури, исто така, се очекуваат и во Франција, иако истите најверојатно нема да го достигнат рекордот од 46 Целзиусови степени кои беа почувствувани минатиот месец.

Но, метеоролозите велат дека најновиот топлотен бран би можел да го собори температурниот рекорд во Париз од 40,4 степени, кој беше измерен во 1947 година.

Во Португалија над 1.000 пожарникари се борат со шумските пожари во областа Кастело Бранко, во кои беа повредени 39 лица.

„Коперник“, службата за управување со вонредни состојби на Европската комисија, во понеделникот објави карта во која се прикажани тековните ризици од шумски пожари низ цела Европа, при што во делови од Шпанија, Португалија и Италија постои „многу висока опасност“ од вакви пожари.

Се очекува иБелгија, Германија и Швајцарија  да ги почувствуваат последиците од неодамнешните топлотни бранови, и за разлика од јуни, овој пат и скандинавските земји ќе бидат погодени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Во пожар во детски камп во Русија, загинаа најмалку пет деца

Најмалку пет деца загинаа во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во рускиот Далечен Исток. Според информациите, загинати се...

Свет13 часа

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа16 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија16 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа18 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија18 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија21 час

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ21 час

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија21 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија22 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија23 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија23 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион23 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија2 дена

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија2 дена

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија2 дена

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија2 дена

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија2 дена

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 дена

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет2 дена

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Досие