Европа
Во близина на Харков снимен голем руски воен конвој

Сателитските снимки направени и анализирани од „Максар Технолоџис“ покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков.
Фотографиите на „Максар“ се направени на 8 април во близина на градот Велки Бурлук, на десетина километри источно од Харков. Конвојот се движел кон југ, пишува Си-Ен-Ен.
Од „Максар“ велат дека конвојот бил составен од оклопни возила, камиони, артилерија и дополнителна воена опрема.
Медиумите потсетуваат дека по повлекувањето на руските сили од околината на Киев, се очекува дел од силите да бидат префрлени во источна Украина за да ги интензивираат руските напади таму. Не се знае точно каде оди овој конвој, се пренесува во извештаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Гуруљов: Веднаш да ја уништиме Британија, па потоа ќе разговараат со нас

Рускиот парламентарен претставник Андреј Гуруљов во програма на државната телевизија изјави дека би било добро „веднаш да се уништи Британија“.
„Нема режим во Киев, режимот е во Вашингтон. Во Киев има лакеи што го прават токму она што им е кажано“, рече Гуруљов.
This is vintage Andrei Gurulyov
Sounding genuinely drunk, the Russian MP screams that Russia is the “only country in the world” able to threaten the entirety of the US, and then proceeds to call for the “demolition” of Britain pic.twitter.com/6tY791ZKkB
— Francis Scarr (@francis_scarr) June 1, 2023
„Русија е единствената земја што може да претставува закана за целата територија на САД. Таа закана ќе ѝ го дотера паметот на целата нечистотија во Вашингтон“, рече тој.
„Сега е крајно јасно дека кога ќе кажеме – ајде да кренеме нешто во воздух, ќе го направиме тоа. Да ја уништиме Британија веднаш, без да го искористиме нашиот стратешки нуклеарен потенцијал. И веднаш потоа сите ќе седнат и ќе почнат да разговараат со нас како што треба“, додава тој, пренесуваат медиумите во светот.
Гуруљов, пишува „скај њуз“, често имал вакви испади во јавноста. Тој претходно се закани дека ќе ја нападне Алјаска со проектили и рече дека Советскиот Сојуз не отишол доволно далеку за време на Втората светска војна.
Европа
Напад со нож во близина на училиште во Шведска, повредени неколку ученици

Во близина на училиште во шведскиот град Ескилстуна денеска се случил напад со нож, при што се повредени неколку ученици, јавуваат шведските медиуми.
На терен има голем број полициски и возила на брзата помош, јавува „ТВ4“.
Локалната полиција соопшти дека се работи за тешко кривично дело, но не соопштија никакви детали.
„Во секој случај, не се работи за пукање“, изјави портпаролот на полицијата, Денис Струмберг.
Директорот на училиштето потврди дека имало инцидент, но рече дека има малку информации за тоа што се случило. Тој смета дека нападот не се случил во училиштето, туку дека се работи за ученици од тоа училиште, кои биле на друго место.
Според првичните информации, најмалку три лица се хоспитализирани по нападот со нож во училиште во шведскиот град Ескилстуна, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата за истата телевизија потврдил дека во градот се случило тешко злосторство.
Европа
Месото, кафето и сирењето под клуч во супермаркетите: Велика Британија воведе итни мерки поради големи кражби

Супермаркетите во Велика Британија ставаат безбедносни ознаки на стекови и сирења и чуваат лажни тегли наместо кафе поради огромниот пораст на кражби во продавниците.
Некои маркети го ограничуваат бројот на предмети што може да се стават на полиците, пишува Би-би-си.
Според истражувањето на британскиот јавен сервис, кражбите се вратија на нивото пред пандемијата.
Во март полициските сили во Англија, Велс и во Северна Ирска забележаа речиси 33.000 случаи на кражби во продавници, што претставува зголемување од речиси 31 отсто во март минатата година.
Корисник на „Твитер“ објави фотографии од лажни тегли за кафе во маркет, а на клиентите им беше кажано дека може да побараат да купат вистинско кафе на каса, рече тој.
Компанијата изјави за Би-би-си дека не се работи за национална политика.
„Заштитата на безбедноста на нашите колеги е приоритет и знаеме дека кражбата може да доведе до насилство врз работниците во продавниците, па иако ова не е политика на национално ниво, може да се донесе одлука за спроведување безбедносни мерки на локално ниво доколку продавницата има одредени проблем“, велат од „Co-op“.
Жена реагирала дека била шокирана кога видела речиси празни полици во продавница, но дека работникот ѝ рекол дека тоа е направено намерно поради зголемениот број на кражби.