Контакт

Свет

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Објавено пред

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските медиуми. Меѓу жртвите има деца и жени. Според информациите, бомбаш самоубиец активирал експлозив за време на веселбата.

Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата.

Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.

Свет

Пет Сиријци и шест Иранци загинале во израелските напади во Сирија  

Објавено пред

Најмалку петмина сириски војници и шест ирански воени советници загинаа во воздушните напади извршени од израелските воздухопловни сили во населбите во Дамаск, објави телевизискиот канал „Ал-Хадат“. Според каналот, ракетите удриле во неколку армиски позиции во областа Ал-Кунитра, како и објекти во Ал-Кисва и Кудсаја, каде што биле сместени иранските воени специјалисти.

Претходно, лекар во болницата во близина на Дамаск изјави за новинската агенција САНА дека двајца цивили починале од рани од шрапнел во Баит Сабер.

„Една од ракетите удри во станбена зграда и ја уништи. Исто така, неколкумина беа повредени“, прецизирал лекарот.

Извештаи за повреди доаѓаат и од предградието Кудаја, западно од Дамаск, претходно честа цел на израелските ракети. Агенцијата додаде дека ракетите биле лансирани од Голанската Висорамнина и од либанскиот град Марџајун.

„Израелските агресори извршија силен ракетен напад, но сириските воздушни одбранбени системи успеаја да пресретнат повеќе проектили“, изјавил сириски воен извор за САНА.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ закажа седница на Советот за безбедност поради аферата со рускиот шпион

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре закажа седница на Советот за национална безбедност поради можната шпионска афера, во која наводно се вклучени руски разузнавач и српски агент, објави „Блиц“.

Автентичноста на снимката на која се гледа како Георги Клебај му дава пари на наводен српски агент ја потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

По седницата, се очекува да бидат познати повеќе детали за овој случај, на кој работат српските безбедносни служби.

Претходно денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека доколку се утврди оти во овој случај навистина станува збор за шпионажа, тоа ќе биде сериозен проблем што бара сериозна реакција.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Митот за руската закана го измислија оние што профитираат од него

Објавено пред

Митот за заканата од Русија е измислен од оние што сакаат да остварат профит од тоа и лидерите на европските земји мора да го сфатат тоа, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, на инвестицискиот форум „Русија повикува“, пренесува ТАСС.

Тој посочи дека во минатото САД им велеле на европските земји дека треба да платат за заштита од советската закана.

„Денеска тоа не пали. И покрај сите проблеми поврзани со Украина и шпекулациите за Крим и Донбас, сите совршено добро разбираат дека Русија нема планови да нападне никого. Тоа е глупост. Руската закана е измислена од оние што сакаат да профитираат од борбата против Русија и да добијат бонуси и предност. Тоа им е јасно на сите, дури и на лидерите на клучните европски земји“, истакна Путин.

Според рускиот лидер, САД ќе треба да преземат некои чекори за промена на природата на односите со европските сојузници во НАТО.

„Денеска не е доволно само да се каже: Ние ве заштитуваме и вие нè плаќате. Зошто треба да плаќаат за одржување на американската одбранбена индустрија? Тие попрвин би развиле свои индустрии за што зборуваа неодамна“, рече Путин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија3 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа6 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија7 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија7 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија8 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија9 часа

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија9 часа

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија9 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука10 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија10 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа11 час

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет11 час

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија11 час

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион23 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија24 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа1 ден

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Досие