Контакт

Свет

Во Бразил рекорден број новозаразени за еден ден

Објавено пред

Во Бразил се заразени 67.860 лица во последните 24 часа, што е нов рекорд во однос на бројот на заразени од коронавирус за еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во земјата како последица на вирусот досега починале 82.700 луѓе, а заразени се вкупно 2,2 милиона.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и неколку членови на владата се позитивни на Ковид-19 и се наоѓаат во карантин.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека епидемијата на коронавирусот го достигнала својот врв во Бразил и додаде дека бразилските власти треба да го поттиснат ширењето на вирусот.

Регион

Големо невреме го погоди Мостар

Објавено пред

Градот Мостар денеска беше зафатен од силно невреме кое започнало околу пладне, јави порталот „Кликс“.

Врнежите од дожд биле пропратени со грмотевици, при што многу улици биле поплавени, а силен ветер ги кршел гранките на дрвјата.

Од Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМЗ) најавиле дека во текот на денот се очекува претежно облачно време низ цела Босна и Херцеговина.

Исто така на територијата на целата земја е издаден жолт метеоаларм – предупредување за опасни временски појави.

Прикажи повеќе...

Европа

Хаос во сообраќајот, Британците брзаа кон дома за да избегнат карантин

Објавено пред

Илјадници туристи имаа само неколку часа да се вратат во Велика Британија за да ги избегнат карантинските мерки наметнати кон Франција, што стапија на сила денеска. Двонеделна изолација е задолжителна од 4 часот наутро по лондоснко време и исто така се однесува на сите лица кои доаѓаат од Холандија, Монако, Малта, Островите Туркс и Каикос и Аруба, пишува Би-би-си.

Железничките линии низ „Евротунелот“ беа распродадени во петокот, а патниците скапо плаќале и за авионски билети, па дури и некои траекти го зголемиле капацитетот.

Франција предупреди дека ќе преземе реципрочни мерки, а Холандија ги предупреди своите граѓани да ги избегнуваат сите непотребни патувања во Велика Британија, иако тамошните власти порачаа дека нема да воведат реципрочни мерки.

Споменатите земји се најдоа под карантински ограничувања, бидејќи стапката на инфекција на нивната територија надмина 20 случаи на 100.000 жители во текот на седум дена, изјави британскиот министер за транспорт, Грант Шапс.

Тој за Би-би-си изјави дека во моментот во Франција има околу 160.000 британски туристи и порача дека последното нешто што го посакува е луѓето да се вратат дома и да ја донесат инфекцијата со себе.

Крајниот рок за да се вратат без 14-дневна изолација принуди многу патници да бркаат авиони, возови или траекти, за превоз кој чини и по стотици фунти.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Никакви закани нема да нè натераат да се повлечеме од наша територија

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да се повлече поради заканите од санкции или упади во територијата.

Тврди дека територијата во Средоземното море е на неговата земја, иако има несогласувања со Грција.

„Никогаш нема да дозволиме грабеж на нашиот појас“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се повлече поради санкции и закани, пренесе „Ројтерс“.

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ ќе го продолжи истражувањето до 23 август, нагласи Ердоган.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

Хаос во сообраќајот, Британците брзаа кон дома за да избегнат карантин

Илјадници туристи имаа само неколку часа да се вратат во Велика Британија за да ги избегнат карантинските мерки наметнати кон...

Топ2 часа

Во Битолско украдени над 200 тони пченица во вредност од 50.000 евра

Во попладневните часови на 13 август, 48-годишен битолчанец во полиција пријавил кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното,...

Македонија3 часа

Регистриран 141 случај на новозаразени, починаа четворица пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија4 часа

НБРСМ: Сите мерки што ги презедовме за „Еуростандард“ банка беа за заштита на депонентите

Народната банка соопшти дека во врска со, како што наведува, невистините и клеветите изнесени од страна на сопствениците на „Еуростандард...

Регион6 часа

(Видео) Албанци чекаат со денови на границата со Грција – колона долга 20 километри

Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои...

Свет7 часа

Голема акција во Шпанија – запленет имот вреден 8 милиони евра и уапсени 75 лица

Шпанската цивилна гарда заплени криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица. Тие се сомничат...

Регион7 часа

Во последните 24 часа во Словенијa 32 новозаболени

Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од...

Свет8 часа

Русија почна со производство на вакцината

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство. Русија соопшти...

Регион10 часа

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет10 часа

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Македонија11 час

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија24 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија1 ден

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија1 ден

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија1 ден

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ1 ден

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Досие