Контакт

Вести

Во Бразил уште еден затворски бунт, по оној со 60 жртви

Објавено пред

Уште еден бунт во затвор избувна во понеделникот во северниот дел од Бразил, пренесува во понеделникот телевизијата Globo, откако претходно беше објавено дека најмалку 60 луѓе се убиени во бунтот во затворот во близина на истиот град Манаус, во северозападен Бразил, меѓу две ривалски нарко банди.

Засега нема информации за настрадани или побегнати затвореници во вториот инцидент. Бунтот избувнал во центарот за привремен престој за мажите, во кој во моментов има 1.586 осуденици. Притоа, во извештаите се истакнува дека капацитетот на овој затвор изнесува 568 лица, како и дека од затворот се слушале истрели.

Познато е дека бразилските затвори се пренатрупани, а условите во нив се страшни, што и во минатото поттикнуваше крвави бунтови. Меѓународните невладини организации остро ги критикуваат бразилските власти поради многу лошо организираниот затворски систем.

Претходно ноќта кон понеделникот во другиот затвор во истиот град Манаус, во затворскиот комплекс „Анисиу Жобин“ избувна бунт во кој животите ги загубија најмалку 60 затвореници, кој траеше повеќе од 17 часови.

Бразилскиот министер за внатрешни работи Амасонас Сержиу Фонтес на прес-конференција изјави дека бројот на настраданите би можел да биде поголем, откако властите добиваат попрецизни податоци за димензиите на бунтот кој започнал во неделата ноќта, а поттикнал судир меѓу две противнички групи кои растураат дроги.

Весникот Manaus’Em Tempo објави дека неколку обезглавени тела биле фрлени преку затворскиот ѕид.

Властите уште ги пребројуваат затворениците за да утврдат колку евентуално побегнале.

Крвавиот судир во Манаус е еден во низата слични инциденти меѓу двете ривалски нарко банди, најмоќната во Бразил – PCC и локалната нарко група позната како Северно семејство.

Според медиумите примирјето меѓу нив „пропаднало“ минатата година, резултирајќи со повеќемесечни крвави затворски пресметки и судири меѓу нивните припадници, а во јавноста се појавија стравувања хаосот да не се прошири и на другите затвори низ земјата.

Во бунтот во понеделникот имало и престрелка меѓу полицијата и затворениците, а дел од затворениците заробиле дванаесет затворски чувари. Во текот на бунтот затворениците земале како заложници друг 74 затвореници, некои ги пуштиле а некои ги погубиле./крај/мф/сн

Најново

Забава10 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет29 минути

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет1 час

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион2 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет3 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура3 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...