Европа
Во Велика Британија вакцинирани повеќе од 11 милиони луѓе

Во Велика Британија повеќе од 11 милиони луѓе примиле една доза од вакцината против коронавирус, а двете дози ги примиле над 510.000, објави Би-Би-Си.
Доколку владата сака да ја постигне својата цел до средината на февруари да вакцинира 15 милиони луѓе, кои спаѓаат во најранливите категории, тогаш дневно треба да вакцинира по околу 380.000 луѓе, пишува Би-Би-Си.
Од почетокот на епидемијата од коронавирус во Велика Британија заболеле скоро четири милиони луѓе, а повеќе од 112.000 луѓе починале, покажуваат владините податоци.
Сепак, овие бројки вклучуваат само луѓе кои починале во рок од 28 дена по позитивниот тест за коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Европа
Oсновачите на „Бионтек“ ќе бидат одликувани со највисок орден во Германија

Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и лансираше вакцина против коронавирус на пазарот.
Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот на Германија, шефот на германската држава, Франк Валтер Штајнмаер, на 19 март ќе го предаде „Крстот за заслуги со ѕвезда“ на брачната двојка научници Oзлем Туречи и Угур Шахин.
Тоа ќе му биде прво лично врачување на ордени на Штајмер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин.
Европа
Европратениците бараат смена на амбасадорот на ЕУ во Куба

Шеснаесет членови на Европскиот парламент побараа од министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел, да го смени амбасадорот на ЕУ во Куба, Алберт Наваро, бидејќи тој наводно се приклонил на тамошниот режим, кој ниту ги почитува ниту ги брани човековите права.
„Сакаме да ја искажеме нашата збунетост и неодобрување за невообичаеното и редовно однесување на амбасадорот на Европската Унија во Куба, г. Алберт Наваро“ – се наведува во писмото потпишано од пратениците од Европската народна партија (ЕПП), „Изгради ја Европа“ и групите на Европските конзервативци и реформатори, пренесува бриселски „Политико“.
Пратениците изјавија дека Наваро, меѓу другото, потпишал и писмо упатено до претседателот на САД, Џо Бајден, во кое бара укинување на американските санкции за Куба и немешање во нејзините работи.
Пратениците заклучија дека Наваро зазема политички ставови слични на оние на режимот во Куба и дека си дозволува слободи кои се потипични за политички лидер отколку за дипломатски претставник.
„Политико“ наведува и дека портпаролот на Борел не бил достапен за коментар.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер