Контакт

Европа

Во Германија експлодираат нови инфекции со коронавирус – можно затворање зимава

Објавено пред

Во Германија трет ден по ред се бележи нов рекорден дневен број на новозаразени од коронавирус.

Според Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), утринава биле пријавени 39.676 новозаразени лица, бројка што Германија досега ја немала.

Поради тој раст, вирологот Кристијан Дростен посочува дека дупката во вакцинацијата мора да се затвори и дава застрашувачки прогнози за зимата.

Претходниот рекорд беше поставен во петокот со 37.120 новозаразени. Рекорди по дневна инциденца се регистрирани и во изминатите два дена. Исто така, загрижувачки е и бројот на починати од коронавирус бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 луѓе.

Пред една недела таа бројка беше 194. Дростен нагласува дека е потребно нешто да се направи и дека сигурно ќе мора да има ограничување на контактите меѓу луѓето.

„Ние сме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе што можеле да се вакцинираат, а не го сториле тоа“, рече тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Свечена церемонија за канцеларката во заминување, Ангела Меркел

Објавено пред

Германските сојузни вооружени сили со највисока воена церемонија за цивили се збогуваа со канцеларката Ангела Меркел.

Ова стана неофицијална церемонија за збогување со министрите за одбрана, претседателите и канцеларите, пренесува „Дојче веле“.

Меркел беше првата источногерманска канцеларка во земјата и првата канцеларка на повоена Германија, која беше испратена во Берлин.

Таа е третата канцеларка на која ѝ беше подготвено вакво збогување. Хелмут Кол, демохристијанскиот канцелар од 1982 до 1998 година, беше првиот, а вториот беше социјалдемократскиот канцелар од 1998 до 2005 година, Герхард Шредер.

Церемонијата трае 20-ина минути и се одржува под светлина на факли. По изведувањето на националната химна, војниците се разделуваат со звуците на тапаните, се збогуваат со канцеларката и на тој начин го означуваат крајот на уште едно поглавје од германската историја.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Објавено пред

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство.

Последен пат беа пријавени повеќе случаи на 17 јули кога беа регистрирани нови 54.674, и тоа шест дена по финалето на турнирот на „Вембли“.

Податоците од четвртокот исто така покажаа 141 повеќе смртен случај во рок од 28 дена од позитивен тест на коронавирус во споредба со 41 на 17 јули.

Минатата недела ова време регистрирани се 147 починати и 47.240 нови случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрискиот канцелар Шаленберг најави оставка

Објавено пред

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека ќе поднесе оставка кога неговата конзервативна Народна партија ќе се договори за следниот лидер бидејќи Себастијан Курц претходно денеска најави дека ќе се откаже од таа позиција, пренесе „Ројтерс“.

„Цврсто верувам дека и двете функции – шефот на владата и лидерот на австриската партија со најмногу гласови – набргу треба повторно да бидат на исто место“, се вели во соопштението на Шаленберг.

Тој на оваа позиција дојде пред два месеца.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии Гернот Блимел најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан...

Свет36 минути

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Македонија1 час

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува со два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа...

Свет11 час

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа14 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион14 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет15 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија18 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа21 час

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија22 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија23 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа24 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Досие