Свет
Во Германија на интензивна нега само 10 отсто вакцинирани

Бројот на вакцинирани пациенти на одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирус се зголеми последниве месеци, соопшти германската влада.
„Од 1.186 пациенти со коронавирус, кои останаа на одделот за интензивна нега помеѓу средината на август и почетокот на септември, 119 сe вакцинирани, што одговара на вредност од приближно 10 проценти“, соопшти пратеничката група на левичарската партија.
Во периодот од почетокот на февруари до средината на август процентот беше многу помал и изнесуваше 1,84. Изјавата е базирана на податоци од државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“.
Според медиумската група „Функе“, зголемениот број вакцинирани лица на одделите за интензивна нега, според мислењето на здравствените институции и експертите, е поврзан со зголемениот број вакцинирани лица во Германија.
Германското Министерство за здравство уште во септември објави дека процентот на невакцинирани лица на одделите за интензивна нега е многу висок – 90 проценти. Министерството ја нагласи потребата од зголемени стапки на вакцинација за оние што сѐ уште не го направиле тоа.
„Факт е дека вакцините штитат и дека невакцинирањето е главната причина зошто пациентите со коронавирус завршуваат на одделот за интензивна нега“, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, во Германија најмалку 65 проценти од граѓаните примиле две дози вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотресот во Турција и Сирија низ фотографии

Светот во неверување, Турција и Сирија завеани во црнила и тага.
Земјотресите што во понеделникот ги погодија овие земји однесоа над 12.000 животи. Илјадници се затрупани под урнатините на срушените згради, се води трка со времето за спасување на животите на преживеаните.
Фотографиите во прилог говорат за катастрофата, спасените и загубените животи, човечките судбини.
Татко ја држи раката на својата почината ќерка
Куче спасено од урнатините во Турција
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините
Погреб наместо свадба – маж ја оплакува својата вереница која загина во земјотресот
(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција
Свет
Куче спасено од урнатините во Турција

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините.
Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.
Медиумите од Турција, претходно јавија и за спасен папагал. Повеќе за спасувањето на птицата прочитајте ТУКА.
Свет
Бројот на загинатите во земјотресите се искачи над 12.000 лица

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049 лица.
Најмалку 1.730 луѓе во Сирија загинале на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата, додека 1.262 лица загинале во областите во земјата контролирани од владата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 9.057.