Контакт

Европа

Во Германија спасени 38 рудари кои беа заробени 700 метри под земја

Објавено пред

Спасени се 38 рудари кои беа заробени по експлозија во рудник за калиум во Источна Германија, јавија тамошните медиуми.

Двајца рудари се повредени, а сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри.

По експлозијата, тие се наоѓале во безбеден сектор на рудникот во Тојтшентал, кој се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Берлин, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Администрацијата за рударство соопшти дека еден од повредените е во тешка состојба, а другиот е само полесно повреден.

За рудникот се вели дека веќе не е активен, но се користи за депонирање минерален отпад.

 

Европа

Туск: Русија е стратешки проблем, а не партнер

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск, рече дека ги уверил водачите на ЕУ оти Русија е стратешки проблем, а не стратешки партнер.

„Морав постојано, скоро секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Јас дури бев етикетиран како мономан, бидејќи бев толку фокусиран на оваа тема“, изјави Туск во говор на Универзитетот во Бриж.

Според него, целта му била да се одржи европското единство, за кое агресивната политика на Кремљ била главен предизвик.

„Бев и сè уште сум убеден дека оваа игра не се однесува само на иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички субјект. И воопшто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин не е само да ја врати контролата врз териториите на СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ со создавање на внатрешни поделби“, рече Туск.

Тој додаде дека неговите напори на крајот се исплателе бидејќи единството на ЕУ се зајакнува преку санкциите кон Русија.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозија во турско складиште за оружје, повредени 17 лица

Објавено пред

Најмалку 17 лица се повредени во експлозии во складиште за оружје во југоисточниот дел на Турција.

Двете експлозии одекнале доцна синоќа во складиштето на Командата на механизираната бригада во провинцијата Санлиурфа, на границата со Сирија.

Во нив повредени биле 16 војници и еден цивил, кој се наоѓал на терасата од својата куќа во близина на складиштето.

Гувернерот на провинцијата, Абдулах Ерин, изјави дека по експлозијата избил пожар, што екипите набрзо го ставиле под контрола.

Ерин наведе дека е отворена истрага која треба да ја утврди причината за несреќата, додавајќи дека засега се верува дека станува збор за „техничка грешка“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Објавено пред

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за да се избегне на долг рок исчезнување на еден од најубавите градови во светот.

Непосредно пред полноќ нивото на морето запрело на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метар, што не било видено 53 години.

„Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот во таква состојба, неговото уметничко наследство е во ризик, а комерцијалните активности се на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во градот.

Владата ќе се состане во Рим денеска попладне за да прогласи вонредна состојба во Венеција, постапка што ѝ дава на владата посебни овластувања и ресурси да дејствува што е можно побргу.

Порастот на нивото на морето во комбинација со силните ветрови и дождови вчера го поплавија речиси целиот град. Според изјавата на гувернерот на регионот, Лука Заја, поплавени се 80 проценти од градот.

Италијанските медиуми јавија дека седумдесетгодишен маж загинал од електричен удар.

Поради поплавите во градот, нема електрична енегија, а водата навлезе во базиликата на плоштадот „Свети Марко“, во продавниците, рестораните, хотелите…

Стотици туристи до своите хотели морало да стигнат преку водата, која на некои места била и над нивните колена.

Градот, кој има 50.000 жители, секоја година го посетуваат околу 36 милиони туристи, од кои 90 отсто се странци.

„Иднината на Венеција е во прашање. Повеќе не може да се живее вака. Потребна е безбедност за да се живее тука. Нашиот меѓународен кредибилитет исто така е во прашање“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Градоначалникот смета дека е приоритет да се заврши мегапроектот за браната МИСЕ (експериментален електромеханички модул) што е можно побргу за да се заштити целиот венециски басен, а Конте смета дека проектот би можел да биде комплетиран до пролетта 2021 година.

Премиерот исто така вети дека владата ќе ја надомести штетата, која, како што рече, во овој момент не може да се пресмета.

Министерот за животна средина смета дека причините за катастрофата се јасни: „Ова е директна последица на климатските промени и тропикализација на метеоролошките појави со поројни дождови и силен ветер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија31 минута

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО, сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија51 минута

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера во Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија59 минути

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет2 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа2 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија3 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион14 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион15 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија17 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија20 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија21 час

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија24 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија24 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Досие