Контакт

Европа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Објавено пред

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со џихадистите во однос на 2016 година, соопшти Европол. Девет членки на Унијата во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напада, а бројот на обиди за напади лани бил 205, што е речиси 45 отсто повеќе.

Во 33 терористички напади, пак, лани загинале 68 луѓе, а 844 биле повредени. Во извештајот се наведува и дека има благ пораст на бројот на напади што ги извршиле левичарски или анархистички групи и поединци.

Извршната директорка на Европол, Катрин де Бол, рекла дека бројките во извештајот не се само статистика.

„Не смееме да заборавиме дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот, важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“, навела Де Бол.

Европол соопшти и дека лани се уапсени 975 лица поради тероризам, односно учество или подготовка на терористички напади, потоа поради џихадистичка пропаганда или регрутација, а најчесто користено оружјето за нападите се ножевите.

Вести

Курц: Балканот приоритет, прекинати се преговорите со Турција

Објавено пред

Од

За Австрија, Западен Балкан е клучен приоритет, надворешни и европски политики, изјавил денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој се залага за итно прекинување на преговорите со Турција.

Во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, Курц оценил дека обезбедувањето на искрени перпсективи и веродостојноста на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им оди во интерес на политичките, економските и безбедносните интереси на блокот.

Прикажи повеќе...

Европа

Меј: Трамп ми рече да ја тужам ЕУ

Објавено пред

Од

Американскиот претседател, Доналд Трамп ѝ рекол на британската премиерка, Тереза Меј дека треба да ја тужи ЕУ, а не да преговара со неа, изјави Меј за Би-Би-Си.

Трамп на заедничката прес-конференција со Меј изјави дека дал сугестија, но дека таа била премногу “брутална”.

“Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ – да не влегувам во преговори” рекла британската премиерка.

Таа го бранеше својот план за Брегзит и ги повика критичарите да го поддржат.

Прикажи повеќе...

Европа

На патници им течело крв од ушите поради опаѓање на притисокот во авионот на „Рајанер“

Објавено пред

Од

Повеќе од 30 патници се хоспитализирани откако авион на компанијата „Рајанер“ на летот од Даблин за Задар, итно слетал на аеродромот во Франкфурт, Германија. Според информациите, инцидентот се случил поради нагло опаѓање на притисокот, поради што, на некои патници им протекло крв од ушите.

„Патниците се жалеа на главоболка, болка во ушите и мачнина“ рекол портпаролот на полицијата.

Во авионот биле 189 патници. Болничарите ги однеле во болница оние патници на кои им требала помош, а останатите ноќта ја поминале на аеродромот во Франкфурт, пренесуваат германските медиуми.

Полицијата започна истрага за точните причини поради кои се случил инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Макрон скокна од радост за победата на Франција

Големата радост за победата на Франција на штотуку завршениот натпревар на светското фудбалско првенство во Русија, претседателот  на шампионите Емануел...

Спорт9 часа

Франција со 4:2 ја порази Хрватска и освои злато на мундијалот во Русија

Селекцијата на Франција со два гола разлика  ја совлада Хрватска во големото финале на Светското првенство во фудбал кое што...

Македонија14 часа

(Видео) Шекеринска: Денеска е ден кога можеме да кажеме дека успеавме заедно!

„Многу години имавме чувство дека ја пропуштаме секоја шанса и дека лоши работи се случуваат на државата“, рече синоќа Министерката...

Македонија15 часа

Тапани и зурли одекнаа на Галичник

Денеска во селото Галичник завршува 45. Галичка свадба. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа која има потекло од Галичник...

Европа16 часа

Меј: Трамп ми рече да ја тужам ЕУ

Американскиот претседател, Доналд Трамп ѝ рекол на британската премиерка, Тереза Меј дека треба да ја тужи ЕУ, а не да...

Македонија16 часа

Граѓаните излегоjа и прославија, утре извештај за потрошените пари, порача Владата

Во 15 градови, со 40 музичари, со автентичен домашен звук, граѓаните ширум Македонија го прославија историскиот успех на земјава, добивањето...

Македонија17 часа

Лозано го откажа настапот во Охрид: Никогаш не сум бил политички определен, музиката е таа што ме насочувала

Должност ми е да ви се обратам вам, на мојата публика, и да се изјаснам за она што се случуваше...

Свет18 часа

Што се очекува од средбата меѓу Трамп и Путин

По хаосот во НАТО и посетата на Велика Британија, американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува турнејата на самит со рускиот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Македонија има причина да слави, ги остваруваме заедничките стратешки цели!

Премиерот Зоран Заев кој вечерва присуствуваше на прославата во Битола, што ја организира Владата по повод поканата од НАТО за...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните оптимисти, треба да се прослави поканата на НАТО

Владата на Република Македонија вечерва организираше прослава за добиената покана за членство во НАТО во 15 градови низ земјата. Во...

Македонија1 ден

Со детски песни и распалени скари се слави во Прилеп

Со распалени скари и детски песни се слави поканата од НАТО во Прилеп. Манифестацијата во организација на Владата се одвиваше...

Македонија1 ден

Балони со натпис „Македонија во ЕУ и НАТО“ се делат на прославата во Градскиот парк

Балони со натпис “Македонија во ЕУ и НАТО” се делат на деца во градскиот парк, каде настап ќе имаат групата...

Спорт1 ден

Белгија го освои третото место на СП (Видео)

Фудбалската репрезентација на Бечгија, го оствари најголемиот успех во историјата, откако на Светското првенство во Русија, го освои третото место....

Европа1 ден

(Видео) Полициски мотоцикли се судрија за време на парадата во Париз

Франција го одбележа Денот на Бастиља со воена парада на Елисејските полиња во Париз, на чело со претседателот Емануел Макрон....

Спорт1 ден

Ѓоковиќ преку Надал до финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон, откако во драматичното полу-финале што траеше два дена, го победи Рафаел Надал...

Европа1 ден

Трамп играше голф додека илјадници луѓе протестираа во Единбург

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Единбург, трет ден по ред, да протестираат против посетата на американскиот претседател Доналд Трамп...

Топ2 дена

Тројца повредени во вооружена престрелка во Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде...

Investigative story2 дена

Пратеници повторно со патни трошоци над 10 илјади евра за 6 месеци

За само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, покажуваат податоците до кои дојде...

Европа2 дена

Откриен изворот на новичок во мало шишенце

Британската полиција го открила изворот на нервниот агенс новичок, од кој беа затруени двајца жители, од кои еден почина. По...

Свет2 дена

Трговски договор меѓу САД и Британија е апсолутно можен, порача Трамп

Трговски договор меѓу САД и Велика Британија е апсолутно можен, рече американскиот претседател, Доналд Трамп, само неколку часа откако во...

Досие