Контакт

Свет

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Објавено пред

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и ќе се пренесува во живо. Принцот Чарлс, таткото на Хари, ќе му ја предаде Меган Маркл пред олтарот, во отсуство на нејзиниот татко Томас Маркл.

По венчавката, парот ќе ги добие титулите војводата и војвотката од Сасекс.

Свет

Би-би-си за прв пат сними кинески камп за „трансформација на мисли“

Објавено пред

Би-би-си неодамна ја сними својата прва репортажа од внатрешноста на големиот комплекс на кампови со висока безбедност во кои, наводно, живеат повеќе од еден милион Ујгури, кинеско малцинство од исламска вероисповед во провинцијата Ксинџијанг.

Но, кинескиот режим инсистира на тоа дека не станува збор за затвори, туку за училишта, кои имаат за цел ре-едукација на екстремистите.

„Тие се под влијание на верски екстремизам. Нашата цел е да ги ослободниме од нивните екстремистички мисли“, велат надлежните.

Сепак, колку повеќе репортерите на Би-би-си поставувале прашања, обидувајќи се да дојдат до вистината што навистина се случува во овие кампови, толку повеќе се отворале нови прашања.

„Додека стотици илјади муслимани престојуваат во огромниот силно обезбеден комплекс, кинеските власти внатре дозволуваaт влез само за одбрани новинари. Тие сакаат светот да види, а како доказ нудат слика дека не се работи за затвореници, туку за ученици кои со нивна согласност се ослободуваат од екстремизмот“, вели новинарот на снимката од момче и девојка кои синхронизирано играат некој вид на народен танц.

„Дали сте осудени за криминал?“, прашува репортерот Џон Судворт една девојка. „Јас не сторив кривично дело, туку само направив грешка“, одговара таа.

„Колку често можеш да се молиш тука?“, го прашува новинарот момчето.

„Кинеските закони ги дефинираат училиштата како јавни места, а верските активности не се дозволени на јавни места“, одговара тој.

Кина ја оправдува својата програма за ре-едукација, која меѓународната заедница ја осудува како загрижувачка, како одговор на децениското сепаратистичко насилство од страна на Ујгурите.

Сепак, како што информира Би-би-си, Ујгурите, Казаците и другите припадници на малцинства во овие логори понекогаш завршуваат само поради своите верувања и однесување.

Прикажи повеќе...

Свет

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Објавено пред

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот северозападниот дел на Јапонија.

Како што соопшти  јапонската агенција Кјодо, 17 лица се повредени во префектурата Јамагата, по четири во префектурите Нигата и Мијаги, и едно во префектурата Ишикава, во земјотресот што предизвика лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија во некои области.

Поради земјотресот, кој се смета за еден од најсилните земјотреси во Јапонија, без струја останале речиси 10.000 домаќинства.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Објавено пред

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја извлече Британија од Европската унија до 31 октомври бидејќи во спротивно, како што рече, владата ќе се соочи со катастрофална загуба на довербата.

„Мораме да излеземе до 31 октомври, во спротивно, се плашам дека нашата политика ќе се соочи со катастрофална загуба на доверба“, рече Џонсон во телевизиска дебата, во која учествуваа и останатите четири кандидати за иден премиер, пренесе „Ројтерс“.

Џонсон предупреди дека доколу Британија не излезе од блокот до тој рок, тогаш сите ќе почнат да плаќаат навистина висока цена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Седум земји-членки на ЕУ гласале против отворање преговори со Северна Македонија

Седум земји-членки на Европската Унија гласале против отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет58 минути

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа59 минути

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет2 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија14 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет15 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ16 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија17 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа19 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија21 час

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија21 час

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет21 час

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион22 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија23 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт24 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие