Контакт

Свет

Во затвор во Тенеси извршена смртна казна со електричен стол

Објавено пред

Осуден убиец, кој поминал повеќе од 36 години во затвор чекајќи смртна казна, својата смрт ја дочека вчера на електричен стол во Тенеси. Ова е втора егзекуција со електричен стол во оваа американска сојузна држава за само пет недели.

Дејвид Милер (61) е прогласен за мртов во 19.25 часот по локално време во затворот со максимална безбедност „Ривербенд“ во Нешвил.

Милер се наоѓал во затворот од 1982 година и од тогаш ја чекал егзекуцијата по осудувањето на смрт поради убиство на 23-годишна жена во 1981 година. Американскиот врховен суд претходно го одбил неговото последно барање за помилување.

Пред пет недели во Тенеси, првпат од 2007 година, беше извршена егзекуција со електричен стол на осуденикот на двојно убиство Едмонд Загорски. Според судските податоци, тој избрал електричен стол бидејќи сметал дека ќе биде помалку болно од смртоносна инјекција.

Регион

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска, а на која ќе се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по српско време, и ќе биде отворена за јавност. На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конференција изјави дека денеска во Њујорк ќе се бори за Србија со сето срце.

„Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика. „Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука“, реече Вучиќ.

Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ. „Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на тоа што Тачи го зборуваше“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија ќе им додели по 2 500 евра на Евреите кои го преживеале холокаустот

Објавено пред

Германија на Евреите кои како деца го преживеале холокаустот ќе им исплати еднократна компензација, соопшти њујоршката организација што го води овој процес.

Според организацијата, Германија на Евреите и другите жртви кои го преживеале холокаустот ќе им исплати по 2.500 eвра, пренесува агенцијата АП.

Се верува дека денес се живи околу 1 000 луѓе кои го преживеале холокаустот како деца.

Прикажи повеќе...

Европа

Почина и петтата жртва од нападот во Стразбур, се обидел да го спречи напаѓачот да влезе во кафуле

Објавено пред

Париското државно обвинителство синоќа ја потврди смртта на петтата жртва од нападот во Стразбур. Се работи за полски државјанин. Во нападот беа ранети 11 луѓе, меѓу кои некои се сè уште во критична состојба.

„Само што нè напушти мојот брат Барто Педро Орент-Ниеџиелски. Ви се заблагодарува на љубовта и силата што му ја пружавте“, напиша на „Фејсбук“ братот на починатиот, кој бил на возраст од 36 години, роден во Полска.

Во друштво на Италијанецот Антонио Мегалици (28), кој почина во петокот, и други пријатели, стоел пред кафуле, а според изјавите на неговото семејство, се обиделе да го спречат Чекат да влезе во барот.

„Беше активен во уметнички и добротворни здруженија и секогаш беше насмеан, отворен кон другите и расположен за разговор“, рекол негов колега.

Во вторникот Шериф Чекат вооружен со пиштол и нож нападна минувачи на неколку места во Стрзбур, по што успеа да побегне. По 48 часа, полицијата го пронајде и го уби во населбата Неудорф, јужно од центарот на градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски15 минути

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО, пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија19 минути

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски, во предметот на...

Бегството на Груевски32 минути

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа1 час

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа2 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија2 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет14 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија15 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија18 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија19 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија20 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија21 час

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“2 дена

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион2 дена

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Досие