Европа
Во Италија стапија во сила специјални мерки за Божик

Коронавирусот повторно се зајакнува во Италија, каде што репродуктивниот број (Р) на инфекцијата расте втора недела по ред, предупредија тамошните здравствени власти.
Италија успеа да го забави ширењето на инфекцијата со регионални ограничувања на почетокот на ноември, но нивното влијание сега опаѓа.
Претставникот на италијанското Министерство за здравство, Џовани Реза, изјави дека Италија има 330 заразени на 100.000 жители во последните две недели, што е помалку од 375 лица од минатата недела, но тоа го нарече навистина минимално намалување.
„Идеално би било кога тој би бил помал од 50“, додаде Реза. „Сето тоа значи дека треба да бидеме внимателни и да ги задржиме ограничувањата што ги наметнавме.
Од денес во Италија стапија во сила специјалните мерки воведени за празниците, кои Италијанците најмногу ќе ги поминуваат дома. Дозволени се посети на максимум две лица, со неограничен број деца на возраст под 14 години.
Италија, земја со 60 милиони жители, е една од европските земји најпогодени од коронавирусот. Од почетокот на пандемијата починале 70.400 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивни на вирусот корона.
Минхенски „Меркур“ пишува дека досега непознат вид коронавирус е откриен кај три заразени лица.Лаборантите во клиниката со помош на специјален лабораториски апарат утврдиле неправилности во примероците.
Примероците на пациентите со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде што со детална анализа е потврдено сомневањето дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој што сега е откриен во Германија.
Клиниката во Гармиш-Партенкирхен посочува дека е нормално вирусот да мутира и тие потсетуваат дека повеќе од 12.000 промени во низата на вируси се утврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.
Поради појавата на мутиран вирус, сите операции на клиниката се откажани, а одделите во кои е утврдена инфекцијата се изолирани.
Европа
Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Холандската полиција употреби водни топови против речиси 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите се собраа на плоштадот пред музејот „Рајкс“ и музејот „Ван Гог“ носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува „Ројтерс“. Безбедносните сили уапсија 100-ина демонстранти.
Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.
Европа
Австрија го продолжи карантинот

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на карантинот до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.
Затворањето, кое требаше да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.
Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за вакви мерки.
Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услужни дејности и музеи повторно ќе се отворат, но под строги услови, како што е обврската за носење заштитни маски FFP2 и одржување на растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе почне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе продолжат со учење на далечина.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира