Контакт

Европа

Во Канада околу 500 починати поради екстремно високи температури

Објавено пред

Властите во провинцијата Британска Колумбија во западна Канада објавија зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи поврзани со екстремно високи температури, наведувајќи дека речиси 500 луѓе починале како резултат на топлотниот бран.

Властите предупредија дека бројот на починати од горештините може да продолжи да расте.

Здравствените служби порачуваат дека ќе поминат неколку месеци пред да се утврди со сигурност што предизвикало такво зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи, но предупредуваат дека топлото време е несомнено една од причините, особено кај постарата популација.

Високите температури предизвикаа и шумски пожари во кои загинаа најмалку две лица, а селото Лајтон беше целосно изгорено.

Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Полициски час и забрана на музика на грчките острови Закинтос и Крит

Објавено пред

Грција денеска воведе полициски час и забрани музика на два популарни туристички острова со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик-министер за цивилна заштита.

Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени лица се зголеми за 69 проценти во споредба со претходната недела, и за Ханија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени лица се зголеми за 54 проценти.

Ограничувањата вклучуваат ноќен полициски час и целосна 24-часовна забрана за музика на сите забавни места.

Мерките ќе стапат во сила утре и ќе траат до 13 август по препорака на комитетот на експерти за заразни болести, кој ја советуваше грчката влада, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Затворете го секој метар од границата, ниту една нога од соседната земја не смее да влезе во Белорусија

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко им нареди на безбедносните служби да ја затворат границата.

„Од денес ниту една нога од соседната земја, без разлика дали од југ или запад, не смее да стапне на територијата на Белорусија. Затворете го секој метар од границата. Нашите луѓе мора да се чувствуваат смирени, треба да знаат дека има момци што се подготвени да ги заштитат“, рече белорускиот лидер на состанокот за ситуацијата на границата, пренесуваат државните агенции.

Лукашенко им нареди на безбедносните сили да ја интензивираат работата за заштита на државната граница.

„Тоа е она што треба да го направиме. Основно. Не дај боже тие (соседните земји) да почнат со спроведување на тактиката на протерување на луѓето што ги нарекуваа таму (илегални мигранти) преку официјалните гранични премини. Ги знаете последиците, ги предупредивме и нека размислат“, рече Лукашенко.

Тој, како што пренесуват регионалните медиуми, ги нарекол властите на соседните земји нацисти, кои не ги ослободуваат мигрантите и ги враќаат во Белорусија полумртви.

Неговиот коментар следуваше откако белоруските граничари вчера пронашле пет ирачки државјани протерани од литванската страна на границата со Литванија, а на нив биле откриени прострелни рани и траги од каснување од кучиња.

Според информациите на Државната погранична служба на Белорусија, на повредените им била укажана прва помош по што биле пренесени во медицински установи.

На 3 август белоруските граничари регистрираа мигранти што ја минуваа границата од Литванија. Многумина беа во сериозна состојба со разни повреди, анализираат медиумите.

Според портпаролот на белоруската погранична служба, Антон Бичковски, граничарите забележале човек во тешка состојба во близина на границата со Литванија и тој починал при укажување прва помош.

Лукашенко најави дека Белорусија повеќе нема да ги задржува илегалните мигранти на пат кон земјите од ЕУ бидејќи поради санкциите од Западот, Минск „нема ниту пари ниту сила“ за тоа.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Оној што ја сака Русија нека се сели од Донбас

Објавено пред

Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, изјави дека Донбас никогаш нема да биде руска територија и им порача на оние што ја сакаат Русија и сакаат оваа област да стане дел од неа да бараат место за себе во Русија.

„Ако некој денеска живее на територијата на привремено окупираниот Донбас и си мисли – ‘треба да бидеме заедно со Русија, ние сме Руси’, мислам дека е голема грешка да остане и да живее во Донбас. Тоа никогаш нема да биде руска територија“, изјави Зеленски во интервју за ТВ „Дом“.

Тој им порача на оние што ја сакаат Русија, а својот живот го минуваат на украинска територија и сметаат дека тоа е Русија, во името на своите деца и внуци да си заминат и да си најдат место на територија што навистина е руска, пренесува „Спутник“.

„Украина ќе се развива, ќе се гради, а во таков Донбас – окупиран, одделен, никогаш нема да има развој. Но, ако сметате дека Донбас е Украина, ако го почитувате тоа знаме, украинскиот јазик, ако сметате дека сте Украинци, тогаш останете таму, издржете. Во секој случај, таа територија ќе биде ослободена од окупација“, рече украинскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија7 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија7 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија10 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија11 час

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија12 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија14 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија16 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ16 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ17 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа18 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија18 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија19 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија2 дена

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие