Контакт

Свет

Во Кина повторно нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Кина се регистрирани три нови случаи на коронавирус, од кои два се увезени од странство, соопшти денеска кинеската Здравствена комисија.

Сепак, добра вест е што не се пријавени нови смртни случаи, пренесува АП.

Во Кина вкупно 83.537 лица се разболеле од почетокот на епидемијата, 4.634 починале, а се претпоставува дека бројот на заболени е намален со строго придржување кон воведените мерки – карантин, одржување на физичко растројание и следење на контактите на заразените.

Свет

Богатството на Цукерберг достигна 100 милијарди долари

Објавено пред

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг достигна 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на куси видеа, пренесе Би-би-си.

Компанијата пред два дена ја промовираше „Инстаграм Рилс“, конкурентна на контроверзната кинеска апликација „ТикТок“.

Акциите на Фејсбук вчера скокнаа над 6 проценти, а уделот на Цукерберг е 13 отсто.

Во клубот на супербогаташи со имот над 100 милијарди долари, Цукерберг им се приклучи наосновачот на „Амазон“, Џеф Безос и Бил Гејтс на „Мајкрософт“.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу најголемите победници на карантинот, поради пандемијата на коронавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Богатството на Цукерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари на Безос, според податоците на Блумберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Гувернерот на Охајо негативен на коронавирус девет часа по првиот позитивен тест

Објавено пред

Гувернерот на Охајо, Мајк Девин објави дека неговиот втор тест за коронавирус е негативен само девет часа откако објави дека првиот е позитивен, поради што го откажа официјалниот пречек на американскиот претседател Доналд Трамп во Кливленд.

Републиканецот Мајк Девин објасни дека вториот пат бил подложен на почувствителен PCR-тест, кој за разлика од првиот тест за антигени дал негативен резултат.

„Ние немаме многу искуство со тестирање на антигени овде во Охајо. Соработуваме со производителот за подобро да разбереме како може да се случи такво несовпаѓање помеѓу двата теста на краток рок“, напиша Девин, додавајќи дека во сабота тој, неговата сопруга и соработниците ќе бидат повторно подложени на PCR-тестирање.

Поради позитивниот прв тест, тој го откажа претходно закажаниот пречек на претседателот Трамп во Кливленд.

Трамп одржа говор, како што беше предвидено, и најави дека доколку биде реизбран, тој ќе го искористи зголемувањето на царинските давачки за да ги врати работните места во САД. Тој ги обвини надворешнотрговските партнери дека ги одвлекуваат фабриките од САД.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Бајден e против Бог и сака да ви го одземе правото на оружје

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека неговиот противник на претседателските избори во САД во ноември, Џо Бајден, е против Бог, иако Бајден често зборува дека неговата католичка вера го води во извршувањето јавна функција.

Заостанувајќи зад Бајден во анкетите на јавното мислење во Охајо, Трамп вчера ја посети традиционално неодлучната федерална држава во обид да ги освои нејзините гласачи бидејќи епидемијата на коронавирус ги уништува неговите шанси да освои втор мандат.

Републиканскиот и демократскиот кандидат за претседател на САД во кампањите вложуваат многу напор во т.н. неодлучни држави во кои гласачите се колебаат помеѓу двете партии.

Откако се обрати на мала група на аеродромот во Кливленд, Трамп одржа говор во стил на предизборна кампања во фабриката „Вирлпул“ во Клајд, Охајо.

„Тој следи радикално лева политика: одземање на вашето оружје, уништување на вториот уставен амандман, нема вера, нема ништо, повреди ја Библијата, повреди го Бог“, напиша Трамп за Бајден во својот говор во Кливленд. „Тој е против Бог“, заклучи тој.

Вториот уставен амандман им гарантира на Американците право да носат оружје.

Трамп не објасни што точно мислел со своите тврдења, ниту ги поткрепил со докази. Сепак, неговите обвинувања може да ја засилат поддршката за христијанскиот блок во Републиканската партија и да му наштетат на Бајден, првиот католички потпретседател во американската историја. Џон Кенеди беше првиот католички претседател и беше избран во 1960 година.

Во изјавата објавена вчера по говорот на Трамп, Бајден одговори дека нападот на Трамп е срамен и дека верата отсекогаш била основа на животот на Бајден.

„Зборовите на претседателот Трамп откриваат повеќе за него отколку за некој друг. Тие откриваат човек кој е подготвен да оди колку што е можно пониско за политичка корист и некој чиишто дејства се во строга спротивност со вредностите и учењата за кои тој тврди дека верува”, рече Бајден.

Според истражувачкиот центар Пју, повеќе од три четвртини од Американците се христијани или припадници на други вери.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Асимптоматските случаи имаат иста количина на вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на ковид-19 носат иста количина на вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше...

Свет2 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет2 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион13 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет14 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет16 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет17 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија19 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија19 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион21 час

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија21 час

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија22 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија22 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет1 ден

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет2 дена

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет2 дена

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет2 дена

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Досие