Контакт

Свет

Во Конго 10 луѓе починаа од новата епидемија на ебола

Објавено пред

Министерството за здравство на Конго соопшти дека десет лица загинале од новата епидемија на ебола во источниот дел на земјата.

Санитарната служба објави дека се проверува причината за смртта на 27 други лица за кои постои сомнеж дека биле инфицирани со вирусот ебола. Покрај тоа, здравствените служби се сомневаат дека заразени се уште 54 лица.

Десеттата епидемија на ебола во Конго беше прогласена на 1 август на истокот од земјата, област што е небезбедна поради присуството на разни локални и странски вооружени групи.

Во претходната епидемија во североисточниот дел на Конго загинаа 33 лица. Крајот на епидемијата беше прогласен кон крајот на јули, а една недела подоцна во другиот дел од земјата избувна нова епидемија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Петнаесет патници повредени кога авион влетал во силна турбуленција

Објавено пред

Петнаесет патници на лет од Мајами до Бунеос Аирес се полесно повредени откако нивниот авион влетал во силна воздушна турбуленција.

Ова го соопшти аргентинската авиокомпанија „Аеролиниеас Аргентинас“.

Компанијата соопшти дека турбуленцијата минатата ноќ била со силен интензитет и дека екипажот им помогнал на повредените патници откако истата завршила.

Кога авионот слетал, од вкупно 192 патници, осуммина биле однесени на дополнителни лекарски прегледи.

Прикажи повеќе...

Свет

Отштета од 215 милиони долари за студентки што сексуално ги вознемирувал универзитетски гинеколог

Објавено пред

Универзитетот во Јужна Калифорнија, денеска, објави дека начелно постигнал договор да плати 215 милиони долари отштета поради гинеколог што повеќе години сексуално вознемирувал студентки.

Во соопштение потпишано од директорката на Универзитетот, Ванда Остин, се наведува дека договорот подразбира надомест од 2.500 до 250.000 долари за сите студентки што тврдат дека гинекологот сексуално ги вознемирувал, пренесе агенцијата АП.

Како што се наведува, голем број студентки пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел на Универзитетот како гинеколог речиси три децении пред да се пензионира во 2017 година по истрагата што ја повел Универзитетот поради докази за сексуално вознемирување во текот на прегледите.

Докторот категорично ги негира тврдењата на студентките.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотската полиција ги предупреди жителите на две села да се внимаваат од црн пантер

Објавено пред

Шкотската полиција ги предупреди жителите на селата Дрпган и Колхал во источен Ејшир да бидат претпазливи бидејќи во таа област слободно се движи црн пантер, кој, најверојатно, е повреден.

Според британските медиуми, пантерот бил забележан во поле во близина на патот B730, а жителите се советуваат да бидат внимателни додека полицијата не ја пронајде големата мачка.

„Скај њуз“ известува дека експерти за диви животни се повикани да помогнат, а во потрагата е вклучен и хеликоптер.

Полицијата почнала пребарување по дојава дека во областа е забележано животно што личи на црн пантер.

Тимот за спасување животни од организацијата СПЦА соопшти дека тие ја информирале полицијата оти немаат опрема за такви животни и поради тоа не би биле корисни во потрагата.

Областа каде што бил забележан пантерот е популарна пешачка зона, а има и училишта во близина.

Весникот „Индипендент“ пишува дека пантерот бил забележан првпат околу 9 часот наутро и дека шкотската полиција оттогаш добила голем број повици во врска со случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија2 часа

Џафери закажал седница за 21 часот

Собранието на РМ вечерва сепак ќе ја одржи седницата за уставните измени, дознава „Макфакс“ од неофицијални извори. Според овие избори,...

Македонија6 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија7 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Македонија8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија8 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија10 часа

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија10 часа

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија10 часа

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија10 часа

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа11 час

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија11 час

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион12 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија14 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие