Свет
На Малта запленети 1,5 тони кокаин во контејнер со банани за Словенија

Малтешките цариници заплениле рекордни 1,5 тони кокаин, проценет на 300.000.000 евра, скриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, објави малтешкиот весник „Малта тудеј“.
Цариниците заплениле 50 вреќи со речиси 1.500 пакувања од по еден килограм кокаин на брод што пловел за Копер во Словенија.
Случајот го истражува Одделот за наркотици при полицијата на Малта, пренесува СТА.
Царината соопшти дека заплената е рекордна по обем и вредност, многу поголема од пратката од 800 килограми кокаин запленета во истото пристаниште минатиот месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се запалија вагони на централната станица во Загреб

Пожар избувна утрово на централната железничка станица во Загреб, при што нема повредени, соопштија полицијата и пожарникарите, кои набрзо го спречија ширењето на пожарот.
Полицијата околу 8.50 часот добила пријава за пожар на Главната железничка станица.
Како што пренесе „Индекс“, од полицијата истакнале дека според досега собраните информации пожарот избил на два некористени вагони.
За околу половина час било запрено ширењето на пламените јазици.
Свет
(Видео) Суперјахта се запали во Англија и потона

Суперјахтата се запалила и потонала на северозападот на Англија додека била закотвена. Полицијата добила дојава за пожар на брод долг 26 метри, во англискиот град Девон.
Сведоците опишаа дека слушнале тресок пред да видат огромен облак од црн чад. Засега нема информации за повредени, соопшти полицијата во Девон и Корнвол. Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, а полицијата евакуирала плажа и патишта во близина.
Агенцијата за животна средина (ЕА) соопшти дека се верува дека на јахтата имало околу девет тони дизел. Портпаролот на полицијата рече дека жителите во близина треба да ги држат вратите и прозорците затворени „поради нивото на чад и испарувањето“. Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.
ЕА додава дека бидејќи јахтата сега потонала, фокусот е на загадувањето. Нејзиниот портпарол додаде дека одговорот на заканата ќе го води капетанот на пристаништето, додека агенцијата ќе дава совети и насоки за квалитетот на водата за капење.
Регион
Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.
Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.
Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.