Контакт

Вести

Во најновиот бунт во бразилски затвор 33 мртви

Објавено пред

Најмалку 33 затвореници се убиени во петокот во бунт во затвор во сојузната држава Рораима, во руралниот регион Боа Вишта, на северот од Бразил, пет дена по двата крвави масакри во Манаус во Амазонас во кој животите ги загубија 56 затвореници, соопштија локалните власти.

„Министерството за правда и граѓански дела соопштува дека денеска 6-ти јануари во ‘Аграрната казнено поправна институција Монте Кристо’ се регистрирани 33 смртни случаи. Ситуацијата е под контрола, а припадниците на Баталјонот за специјални операции (елитната единица на бразилската полиција – з.р.) се присутни на територијата на овој затвор“, се наведува во соопштението на локалната влада кое го цитира Reuters.

Притоа не е наведена причината за избувнување на последното од серијата затворски крвави пресметки и безредија во Бразил. Но се додава дека полицијата води истрага и оти бројот на мртвите може да се зголеми.

Портпаролката на регионалната влада истакнала дека во затворот не е пронајдено огнено оружје и оти убиствата главно се извршени со ладно оружје. Во октомври 2016 година во истиот затвор се убиени десет затвореници во судирот на спротиставени банди, потсетува AFP.

Интернет порталот UOL, пак, наведува дека сите жртви се припадници на две ривалски групации на бразилската наркомафија, познати како Црвената команда (Comando Vermelho – CV), која потекнува од Рио де Жанеиро и Првата команда на престолнината (Primeiro Comando da Capital – PCC), најмоќната бразилска криминална организација која потекнува од Сао Паоло.

Се наведува и дека во овој затвор главно се припадници на Црвената команда, кои се сојузници на локалната криминална организација Северна фамилија (Familia do Norte- FDN), којашто според полицијата е одговорна за масакрот во Манаус, од ноќта од неделата кон понеделникот.

Ноќта кон понеделникот во вториот затвор во истиот град Манаус, во затворскиот комплекс „Анисиу Жобин“, избувна бунт во кој животите ги загубија најмалку 56 затвореници, кој траеше повеќе од 17 часови.

Според медиумите примирјето меѓу двете криминални групации „пропаднало“ минатата година, резултирајќи со повеќемесечни крвави затворски пресметки и судири меѓу нивните припадници, а во јавноста се појавија стравувања хаосот да не се прошири и на другите затвори низ земјата.

Досега најголемиот затворски масакр во Бразил се одигра во октомври 1992 година во затворот кај Карандиру, во Сао Паоло, кога беа убиени 111 затвореници, во акција на воената полиција.

Исто така, се наведува дека во оваа затворска институција во Рораима моментов има 1.475 осуденици, додека нејзиниот капацитет изнесувал 750 лица. Вториот бунт кој избувна во понеделникот во другиот затвор во Манаус се случи во затвор во кој во моментов има 1.586 осуденици, иако капацитетот на овој затвор изнесува 568 лица.

Познато е дека бразилските затвори се пренатрупани, а условите во нив се страшни, што и во минатото поттикнуваше крвави бунтови. Меѓународните невладини организации остро ги критикуваат бразилските власти поради многу лошо организираниот затворски систем./крај/мф/сн

Најново

Култура22 минути

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион26 минути

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...

Спорт31 минута

(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал...

Регион38 минути

(Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина

Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми. „Синот ми...

Свет39 минути

Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже, но Нетанјаху можеби сакал да види што може да направи Хамас

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го доведе во прашање начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постапил по наводното...

Македонија46 минути

Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на...

Свет47 минути

Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија

Белорусија нема намера да нападне никого, но е должна да ја обезбеди сопствената безбедност, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко....

Македонија49 минути

Левица: Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои – осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор

„Шеснаесет луѓе загинаа кај Ласкарци, а седум и пол години подоцна државата повторно нема конечна правда. Имавме истрага, обвинение, вештачења,...

Македонија52 минути

(Видео) „Извештајот на ДЗР потврдува дека СДС и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста“, бара Велјановски

„Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила...