Контакт

Свет

Во неколку боливиски градови има недостиг од храна и гориво

Објавено пред

Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин поради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.

Привремената влада на Боливија соопшти дека нејзините напори за снабдување на Ла Паз се соочени со предизвици бидејќи тврдат дека приврзаниците на Моралес прекинаа некои транспортни рути, пренесе АП.

Блокадата околу градот Санта Круз исто така ја наруши трговијата.

Производителите велат дека овошјето и зеленчукот скапуваат во камионите што не успеале да дојдат до пазарите.

Најмалку 23 лица загинаа во уличното насилство што избувна веднаш по спорните претседателски избори, одржани на 20 октомври.

Моралес прогласи победа уште по првиот круг од гласањето, но неговите противници соопштија дека имало изборни нерегуларности и почнаа масовни протести. Кога беше заклучено дека, сепак, имало изборни нерегуларности, Моралес на 10 ноември поднесе оставка и замина за Мексико, каде што доби азил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

Објавено пред

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според видеото, коешто го објавија тамошните медиуми, пожарот предизвикал силна експлозија.

Според руското Министерство за вонредни состојби, се запалил резервоар со бензин, кој предизвикал експлозија во областа Тракторозаводски во градот. Пожарот е изгаснат, а повредените се пренесени во болница.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Иран затворен весник кој објавил изјава од експерт во врска со коронавирусот

Објавено пред

Иранските власти го затвориле дневниот весник „Џахане Санат“ кога во него била објавена изјава од епидемиологот Мохамед Реза Махбобфар, дека официјалните бројки за случаите на коронавирус во земјата претставуваат само пет проценти од реалните бројки, која потоа беше негирана од иранското Министерство за здравство.

Главниот и одговорен уредник на везникот, Мохамед Реза Сади, за официјалната новинска агенција ИРНА изјавил дека властите го затвориле неговиот весник, кој почнал да се објавува во 2004 година и кој главно се фокусирал на информации од светот на бизнисот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според статистиките, од сите земји на Блискиот Исток најтешка е ситуацијата со коронавирусот во Иран, каде што од почетокот на епидемијата се разболеле над 329.000 лица, а 18.616 пациенти починале.

Прикажи повеќе...

Регион

Прекинат синџир на шверц со цигари во Црна Гора – заплената вредна над еден милион евра

Објавено пред

Подгоричката полиција уапсила двајца црногорски државјани за кои постои сомневање дека се дел од организирана криминална група која шверцувала цигари.

Полицијата запленила камион во кој биле 1.243 пакети со цигари. Проценетата вредност на запленетите цигари, кои се наменети за сивиот пазар во Црна Гора, како и понатамошно шверцување во западноевропските земји, изнесува над еден милион евра.

„Припадниците на секторот за борба против организираниот криминал и корупцијата во соработка со службениците од Царинската управа, а постапувајќи по налог на специјалното државно обвинителство, на 8 август оваа година реализираа акција со кодно име ‘Арка’. Со оваа акција е прекинат синџирот со шверцување цигари“, се наведува во заедничкото соопштение од управата на полицијата и Царината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет1 час

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија3 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија4 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија5 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет7 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија7 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет7 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион8 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија9 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет19 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија20 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија21 час

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион23 часа

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија24 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион1 ден

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија1 ден

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет1 ден

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија1 ден

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Досие