Контакт

Свет

Во Нигерија убиена британска новинарка

Објавено пред

Во Нигерија убиена Британка и Нигериец, кои претходно биле киднапирани во градот Кадуни во северниот дел на Нигерија, соопштила локалната полиција.

Според информациите, Британката Фај Муни, која во Нигерија работела како специјалист за комуникации за невладината организација „Mерси корпс“, претходно била на забава, од каде што била киднапирана.

Киднапирањата се чести во Нигерија, а жртвите се најчесто странци, но има и локални жители, и тие се главно поради откупнина.

Британското дипломатско претставништво го објави идентитетот на жената и соопшти дека за инцидентот дознале во петокот, но дека не сакаат да шпекулираат за мотивите или карактерот на нападот.

Засега никој не презеде одговорност за инцидентот, а киднаперите сè уште не се идентификувани.

Во северна Нигерија пустошат организациите Боко харам и Исламската држава, а меѓусебно се судрија и селани со сточари, што резултирало со стотици жртви.

Свет

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Објавено пред

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори, додека 22 биле против.

Во текот на сослушувањето во Сенатот, Саливен ветил дека ќе заземе цврст став кон Русија, силно се спротиставил на повторното соединување на Крим со Русија и ја обвинил Москва за мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Саливен беше именуван за заменик-државен секретар во 2017 година. Од 1 до 26 април 2018 година беше вршител на должност државен секретар, по оставката на Рекс Тилерсон.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Објавено пред

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште не е утврдено кои се нарачателите. Меѓу уапсените има ветерани од петгодишната војна со проруските сепаратисти во источна Украина.

Павел Шеремет, роден во Белорусија, беше убиен со подметната експлозивна направа под неговиот автомобил во центарот на Киев на 20 јули 2016 година. Тој важеше за прозападен новинар и гласен критичар на руските, белоруските и украинските власти.

Познат по својата независност, Шеремет работеше за влијателниот украински интернет портал „Украинска правда“ и имаше утринска емисија на радио „Киев“.

Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, рече дека иако уапсените се осомничени дека го извршиле убиството, сè уште не се знае кои се нарачателите.

(Фото: ЕПА)

Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, рече дека истрагата дала сензационални и шокантни резултати.

„Јавноста мора да ја разбере разликата меѓу патриотизмот и велепредавството“, рече Аваков.

Заменик-шефот на националната полиција, Јехвен Ковал, рече дека осомничените имале намера да ја дестабилизираат социјалната и политичката ситуација во Украина преку убиството на познатиот новинар.

Еден од осомничените, Андри Антоненко, објави на „Фејсбук“ дека е уапсен. Антоненко, рок-музичар, бил во специјалните сили во текот на борбите на истокот на Украина. Меѓу уапсените е и Јулија Кузменко, докторка која волонтирала да ѝ помогне на војската на истокот и Јана Дугар, која се борела во судирите.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Објавено пред

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска држава кои се од белгиска националност.

Децата, на возраст од седум месеци до седум години, треба да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите.

Според решението на Судот, ако владата не даде конзуларна помош и документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете.

Белгискиот министер за правда, Коен Гинс, изјави дека Владата е подготвена да ги земе децата сè додека не мора да ги врати во Белгија и нивните мајки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет7 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт8 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија11 час

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа12 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија12 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија13 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија14 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија15 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија15 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија16 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет17 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет17 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион19 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет19 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет19 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет19 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт1 ден

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие