Контакт

Вести

Во новогодишната ноќ во Њујорк украден накит вреден 6 млн долари

Објавено пред

Ограбувачи во Њујорк го искористиле дочекот на Новата година ноќта кон неделата за да украдат накит проценет на шест милиони долари пред носот на илјадниците полицајци распоредени во непосредна близинана Тајмс сквер.

Полицијата во вторникот потврди дека сé уште трага по тројцата ограбувачи кои се снимени од надзорните камери на „KGK Holding“ компанија за трговија со накит чиешто седиште е во Индија, изјави детективот Ахмед Насер, пренесува AFP.

Околу 22 часот по њујоршко време на 31-ви декември, додека речиси милион луѓе на Тајмс сквер ја чекаа новата година, а 7.000 полицајци се грижеа за безбедноста, тројцата крадци провалиле во зградата во којашто се наоѓа споменатата компанија. Се качиле на шестиот кат и успеале да ја провалат вратата со метални шипки и со чекани и испразниле два сефа со накит.

Со пленот избегале дури после полноќ, кога славењето на Тајмс сквер кулминирало, изјавил Насер. Додал дека во грабежот никој не е повреден./крај/мф/сн

https://www.youtube.com/watch?v=ycO9L2p5zhI



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на...

Свет37 минути

Осмооделенец уби осум ученици и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за...

Македонија42 минути

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија45 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет1 час

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет2 часа

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет2 часа

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет2 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија3 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...