Контакт

Свет

Во Нов Зеланд граѓаните предале 10.000 парчиња оружје, како компензација добиле 4 милиони долари

Објавено пред

Над 10.000 пушки, делови од оружје и опрема предадоа жителите на Нов Зеланд во првата недела од откупот што го започна државата по масовното убиство во џамијата во Крајстчрч во март, соопшти полицијата.

Законот за реформи во оружјето донесен во април во голем дел го забранува полуавтоматското оружје, деловите што го претвораат оружјето во полуавтоматско, како и некои пушки.

Сопствениците имаат краен рок до 20. декември да го предадат своето оружје, а владата одвои повеќе од 140 милиони долари како фонд за компензација.

Досега повеќе од 2.000 луѓе предале 3.275 парчиња оружје, 7.827 додатоци и опрема, а за возврат властите платиле нешто повеќе од 4 милиони долари, изјави портпарол на полицијата за агенцијата „Ројтерс“.

Европа

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница по брегзит

Објавено пред

Функционери од Европската Унија кои имаат пристап до информациите за преговорите за брегзит велат дека најголемата пречка за постигнување договор е речиси решена.

Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија разговарале во Брисел за да постигнат договор за брегзит кој е закажан за 31 октомври. Целта е Велика Британија тогаш да ја напушти Унијата со договор.

Функционерите наведуваат дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни, рекол дека Ирското Море главно би било царинска граница меѓу ЕУ и Велика Британија. Така би се избегнала видлива копнена граница на ирскиот остров, но Северна Ирска би ја ставило во посебна положба.

Тие додале дека разговорите се активни и дека траат и дека сè уште е можен позитивен резултат.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Објавено пред

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз.

Пожарникарите се обиделе да се качат на железната ограда околу зградата на долниот дом на парламентот, но полицијата ги спречила со солзавец, пренесува „Ројтерс“.

Пожарникарите потоа се преместиле во источниот дел на Париз, каде се судриле со полицијата, која повторно употребила солзавец.

Илјадници пожарникари од цела Франција денеска се собраа во Париз на протест за да  изразат незадоволство од ниските плати и тешките услови за работа. Тие порачале дека сакаат да знаат дали ја имаат поддршката од владата.

Протестот на пожарникарите се одржува по демонстрациите на полицајците на улиците во Париз.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг: Загрижен сум за последиците од турската операција во Сирија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост за последиците од офанзивата на Турција во северна Сирија врз борбата против Исламска држава и стабилноста во регионот.

„Загрижен сум за последиците што се однесува до напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател – Исламската држава“, рече Столтенберг, истакнувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Столтенберг изјавата ја даде во Лондон по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон, со кого разговараше за постапките на Турција, која е членка на НАТО.

Велика Британија и други европски земји ја прекинаа продажбата на оружје во Анкара, откако започна воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија.

Столтенберг го коментираше ова како одраз на фактот дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија5 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа7 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион8 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт8 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет9 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет9 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ10 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија11 час

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија11 час

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија12 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија13 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија13 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора15 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија15 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа15 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион16 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија16 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт1 ден

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија1 ден

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Досие