Свет
На Нов Зеланд еден нов случај на коронавирус

На Нов Зеланд во последните 24 часа е пријавен еден нов случај на коронавирус од 5.000 тестирани, со што вкупниот број на активни случаи е 62.
Лицето кај кое е потврден вирусот се наоѓа во карантин, а пристигнало во земјата на 27 јануари од Индија.
Вкупниот број на заболени од Ковид-19 на Нов Зеланд од почетокот на епидемијата е 1.959, а бројот на починати 25.
Нов Зеланд денеска соопшти дека овој месец повторно ќе почне да прифаќа бегалци, речиси една година по затворањето на своите граници за да го запре ширењето на коронавирусот.
Група од 35 бегалци ќе пристигне во февруари, а околу 210 бегалци се очекува да влезат во земјата до 30 јуни, соопшти Службата за имиграција на Нов Зеланд.
„Со утврдени здравствени протоколи подготвени сме да ги пречекаме семејствата што ќе станат жители на Нов Зеланд за да ги почнат своите нови животи“, рече Фиона Вајтриџ од Службата за имиграција.
Секој што ќе пристигне, ќе мора да помине 14 дена во самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германија планира да го продолжи карантинот до крајот на март

Германија планира да го продолжи карантинот до 28 март, но некои мерки ќе бидат олеснети од 8 март.
Според нацрт-законот до кој дојде сајтот „Фокус онлајн“, постигнат е договор меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски провинции, објави „Ројтерс“.
Меркел ќе разговара со премиерите на германските покраини утре, бидејќи бројот на заболени од ковид од почетокот на пандемијата надмина 2,4 милиони.
Свет
Путин: Горбачов е човек кој влијаеше на текот на светската историја

Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе 90. роденден на првиот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, нарекувајќи го исклучителна фигура на модерната ера која имала значително влијание врз текот на историјата.
Телеграмата на Путин до Горбачов, кој го слави јубилејот на 2 март, беше објавена на веб-страницата на Кремљ.
„Примете ги моите честитки по повод 90. јубилеј. Вие со право припаѓате на плејадата извонредни луѓе, исклучителни државници од модерната доба, кои имале значително влијание врз текот на татковинската и светската историја“, рече рускиот лидер.
Претседателот додаде дека професионалното и животно искуство, енергија и творечки потенцијал му помагаат на Горбачов да учествува во јавна, едукативна работа, како и во посветувањето внимание на реализацијата на меѓународните хуманитарни проекти.
Горбачов беше на чело на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година како генерален секретар на Комунистичката партија на СССР, а потоа и како претседател на СССР. Откако ги потпиша Беловешките договори во декември 1991 година, тој објави дека ја напушта функцијата претседател.
Крајот на Студената војна, повлекувањето на трупите од Авганистан, но и распадот на советската економија и распадот на земјата се поврзани со владеењето на Горбачов. Тој исто така придонесе за колапс на комунизмот во источноевропските земји.
Горбачов е добитник на Нобелова награда за мир во 1990 година. Неговата кандидатура беше предложена од германските власти, како знак на благодарност за ставот на Горбачов во врска со обединувањето на Германија.
Свет
Ердоган најави олеснување на ограничувањата во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави олеснување на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот во неколку провинции кои се категоризираат како провинции со ниско или средно ниво на зараза.
Ердоган вчера рече дека кафулињата и рестораните ќе можат повторно да работат со половина капацитет помеѓу 7:00 и 19:30 часот, освен оние лоцирани во 17 региони кои се категоризираат како многу ризични, објави АП.
Полицискиот час во текот на работните денови ќе продолжи да важи низ цела Турција, како дел од владината програма за контролирана нормализација, рече тој.
Училиштата повторно ќе се отворат во региони со низок и среден ризик, рече Ердоган. Во другите региони, само учениците кои се подготвуваат за приемни испити во средните училишта или универзитети, повторно ќе седнат во училишните клупи.
Турција во последните денови забележа највисоко ниво на зараза од средината на јануари.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Турција се регистрирани повеќе од 2,7 милиони случаи на Ковид-19 и околу 28.500 смртни случаи.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер