Свет
Во поднесокот до Врховниот суд Трамп бара имунитет од гонење

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе барање до Врховниот суд на САД барајќи имунитет од гонење за обидот да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година, а случајот ќе биде изведен пред судиите следниот месец.
Трамп ја обжали одлуката на понискиот суд кој одби да го заштити од кривично дело водено од специјалниот обвинител Џек Смит, бидејќи тој беше претседател кога презеде дејствија со цел да ја поништи изборната победа на Џо Бајден.
Поднесокот содржи аргументи слични на оние што адвокатите на Трамп претходно ги дадоа обидувајќи се да го заштитат од гонење и ги повторува изјавите што Трамп ги даде за време на кампањата.
„Претседателот не може да функционира и самото претседателство не може да ја одржи својата независност ако претседателот се соочи со кривично гонење за службени дејствија откако ќе ја напушти функцијата“, се вели во поднесокот.
Трамп, прв поранешен претседател кој се соочи со кривична пријава, е републикански кандидат на претседателските избори на 5 ноември, каде што ќе се соочи со демократскиот претседател Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема извештаи за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат подготвени, а вторпат да се евакуираат.
Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Свет
Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели

Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА. Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.
На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата – и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.
Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.