Контакт

Европа

Во пожарот во Португалија повредени 31 лице, речиси 1.000 пожарникари го гаснат огнот

Објавено пред

Во големиот пожар во Португалија што беснее веќе три дена досега повредени се 31 лице, а речиси 1.000 пожарникари се обидуваат да се справат со пламените јазици.

Во текот на ноќта пожарникарите успеале да стават под контрола речиси 90 проценти од пожарот, а полицијата соопшти дека во тек е истрага и постои сомневање дека пожарот би можел да биде подметнат.

Огнот избувнал во близина на градот Кастело Бранко, на 220 километри североисточно од главниот град Лисабон.

Во 2017 година во земјата избувна голем пожар, при што загинаа 107 лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Франција и Германија бараат прекин на турската офанзива во Сирија

Објавено пред

Франција и Германија бараат турската офанзива во северна Сирија веднаш да запре, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германскиот состанок на ниво на влади.

„Разговаравме за операцијата и побаравме таа да биде прекината“, рече Макрон, истакнувајќи дека турската офанзива им помага на терористите на Исламската држава да ги вратат своите позиции.

Тој смета дека од витално значење е ставот за ова прашање да биде усогласен со Русија и особено со Иран.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешкиот претседател во болница до недела

Објавено пред

Чешкиот претседатeл Милош Земан ќе биде хоспитализиран неколку дена за да ја врати кондицијата, изјави денеска портпаролот на претседателството, Жири Овчачек.

Тој рече дека Земан, кој има 75 години и е страстен пушач, ќе биде примен во Воената болница во Прага и дека ќе биде пуштен в недела.

Земан во последно време има проблеми со одењето, дијабетес и невропатија.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ: Подготвен е технички договор за брегзит, на потег е британската влада

Објавено пред

Денеска во Брисел во голема мера беше подготвен привремен технички договор за брегзит и се чекаше сеопшта поддршка, изјави неименуван претставник на Европската Унија.

Тој додаде дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години.

Но, како што рече, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите рекол дека постои можност за постигнување согласност за нов договор за брегзит, но оти сè уште не е постигнат.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија11 час

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија13 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа14 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија16 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија17 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија17 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија18 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет19 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион20 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија20 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет21 час

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет21 час

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет21 час

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион22 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа23 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија1 ден

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет1 ден

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија2 дена

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа2 дена

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Досие