Контакт

Свет

Во поплавите во Бразил загинаа над 30 лица

Објавено пред

Најмалку 30 лица настрадаа во поплави и свлечишта предизвикани од дводневните силни дождови во југоисточен Бразил.

Според официјалните лица за цивилна заштита, 17 лица се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис.

Во моментов се прави проценка на штетата во погодените области.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови на континуирано глобално ширење на Ковид-19, изјави Штефен Зиберт, портпарол на германската влада, пренесува ТАСС.

„За Германија како земја во средна Европа е особено важно да има функционална економска циркулација“, рече Зиберт од ДПА по средбата на Самитот на лидерите и шефовите на влади на ЕУ.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, особено рече: „Мислам дека сите ги научивме лекциите. Требаше многу малку време да се разбере дека ова го попречува единствениот пазар, протокот на стоки, но не го запре ширењето на вирусот“.

Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за избувнувањето на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, во централна Кина. Оттогаш, случаите на Ковид-19 се пријавени на секој агол на земјината топка.

На 11 март 2020 година, СЗО прогласи пандемија на коронавирус. Според најновите статистички податоци, повеќе 45.312.680 лица во светот се заразени ширум и пријавени се повеќе од 1.185.730 смртни случаи. Покрај тоа, досега повеќе од 32.985.500 лица закрепнале од болеста низ цел свет.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација ќе започне на 10 ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.

„Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија или, пак, оттаму во Србија без ПРЦ-тест“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други. „Да можеме да примаме пациенти од Скопје и Тирана и тие да можат да примаат наши луѓе кои се на нивна територија и како да ги регулираат трошоците“, вели српскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Свет

Лукашенко тврди дека нема намера да побегне од Белорусија

Објавено пред

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, нема намера да бега од земјата под притисок на опозицијата, рече тој за време на состанокот со вработените во Министерството за внатрешни работи, пренесува „Белта“.

„Ако некој мисли дека ќе се спакувам и ќе заминам… Видете, имало ситуации кога некој веројатно треперел. Но, тука има генерали кои цело време зборуваат со мене и видоа дека влакно на главата не ми мрда. Видете, сме имале и полоши времиња кога на улиците гореа автомобили, анархисти и ѓубриња од целиот свет доаѓаа во Белорусија во средината на 90-тите, има снимки. Тие се обидоа да упаднат во владата, да постават шатори на Октомврискиот плоштад. Сè уште се сеќавам на тоа. Го издржавме сето тоа“, рече Лукашенко.

Лукашенко предупреди дека со цел да се заштити земјата, ќе бидат мобилизирани сите постојни средства, вклучително и агенциите за спроведување на законот и војската.

„Сакам не само припадиците на полицијата, кои се присутни денес, туку и војската, исто така да разберат дека војната не е војна како што беше порано, која почнува со надворешна агресија. Секоја војна ќе почне однатре. Се подготвуваше во нашата земја, во секој случај. Значи, секој треба да разбере дека ќе мобилизираме сè што имаме за да ги заштитиме нашата земја, нашите семејства и нашите деца. Би сакал да го разберете ова“, рече тој.

Претседателот ја нарече ситуацијата на западната граница на Белорусија немирна.

„Овде на Запад е немирно. Она што ми го рече државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, тоа е добро, го забележав тоа“, рече тој.

Претходно, американскиот дипломат го увери Лукашенко дека нема закана за Белорусија од НАТО. Сепак, Лукашенко изјави дека трупите на НАТО се во движење и немирни, што го поттикнало и тој да распореди дел од белоруската војска во близина на западната граница.

„Тие се смирија, разбраа дека не се шегуваме“, рече белорускиот претседател.

Белорусија ги одржа своите претседателски избори на 9 август. Според податоците на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко доби 80,1 отсто од гласовите. Светлана Тихановскаја, која освои 10,12 отсто, одби да ги признае резултатите од изборите и ја напушти Белорусија.

Протести избувнаа во главниот град на земјата Минск и во неколку други градови по гласањето за претседател, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Крајниот рок за „Ултиматумот на народот“ од опозицијата истече во неделата на 25 октомври, а беше упатен до претседателот Александар Лукашенко од страна на сега веќе прогонетата поранешна претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја. Барањата вклучуваа оставка на актуелниот претседател, ослободување политички затвореници и крај на насилството. Опозицијата ги повика работниците во индустриските претпријатија да почнат штрајк ако овие барања не бидат исполнети.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион47 минути

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Свет2 часа

(Видео) Во земјотресот во Измир досега загинаа 4, а повредени се 152 лица

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) извести дека во земјотресот во Измир досега загинале 4, а повредени се 120...

Македонија3 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија3 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија5 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија6 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија7 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион7 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија8 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно9 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа9 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа10 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа10 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет22 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија23 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија24 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија1 ден

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија1 ден

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 ден

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Досие