Свет
Во Русија над 300 починати во еден ден
Во Русија во последните 24 часа починале 317 луѓе од коронавирус и тоа е првпат од почетокот на пандемијата бројот на починати во еден ден да надмине 300.
Досега вкупно починале 24.952 пациенти, пренесе ТАСС.
Истовремено регистрирани се 15.700 новозаразени и речиси 11.000 оздравени, соопштија здравствените власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
