Свет
Во Русија најголем број на починати од коронавирус од почетокот на пандемијата

Русија регистрираше 929 смртни случаи од Ковид-19 во текот на претходните 24 часа, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на пандемијата.
Владината кризна група објави дека од вчера регистрирала 25.133 нови случаи на инфекција, што е благ пораст во споредба со претходната ситуација.
Кремљ претходно апелираше до граѓаните да се вакцинираат против Ковид -19 и посочи дека ова е единствениот начин да се запре ширењето на коронавирусот.
Според податоците на веб-страницата „Ворлдометар“, повеќе од 7,6 милиони луѓе се заразени во Русија од почетокот на пандемијата, а над 212.000 лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Млад пар во Иран осуден на 21 година затвор затоа што танцувале на улица

Судот во Иран осуди млад човек и неговата девојка на 10 и пол години затвор откога објавија видео на социјалните мрежи како танцуваат во близина на плоштадот Азади во Техеран, објави вчера новинската агенција за човекови права.
Двојката, која беше уапсена на 1 ноември минатата година во нивниот дом по објавувањето на видеото, е осудена и на двегодишна забрана за користење интернет и напуштање на земјата, пишува „Ал Арабија“.
Iran: A 21-y-o couple have been sentenced to 10 years in jail each for dancing at the foot of Tehran's Azadi (Freedom) Tower, sources close to them tell @nimnia11. Regime is handing out heavy sentences to anyone defying its strict rules. #آستیاژ_حقیقی #امیرمحمد_احمدی #مهسا_امینی pic.twitter.com/F0ahwzJhA1
— Khosro Kalbasi Isfahani (@KhosroKalbasi) January 30, 2023
Астијаж Хагиги и Амир-Мохамед Ахмади се обвинети за „ширење корупција“, „собирање и договарање со намера да ја поткопаат националната безбедност“ и ангажирање во антирежимска пропаганда.
Пресудата ја донесе Револуционерниот суд во Техеран на чело со Аболкасем Салавати, судија познат по тоа што изрекува строги казни за поединци што се сметаат за закана за Исламската Република, пренесува медиумот.
Активистите на агенцијата објавија дека на парот му било одбиено правното застапување во текот на судската постапка повикувајќи се на извор близок до семејството на Хагиги. Иранските власти не го коментираа случајот, а пресудата, според написите, дојде во време кога властите се обидуваат да ги задушат повеќемесечните протести против режимот, кои почнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември.
Амини (22) почина набргу по апсењето од полицијата за морал во Техеран поради наводно непочитување на строгите правила на режимот за носење хиџаб. Владата се обиде насилно да ги задуши протестите, кои бргу прераснаа во повици за соборување на Исламската Република, што резултира со смрт на стотици и апсење илјадници луѓе.
Европа
Чавушоглу: Парламентот на Турција не може да го ратификува барањето на Шведска и Финска за членство во НАТО

Парламентот на Турција не може во сегашните услови да го ратификува протоколот за членство на Шведска и Финска во НАТО, тоа е невозможно, изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.
„На гости ни дојде министерот за надворешни работи на шведската влада. Беше во парламентот, се сретна со партиски претставници. Слушна дека сите партии го најавуваат истото, дека без исполнување на обврските кон нас не е можна ратификација. Затоа, во сегашните услови, нема потреба да се зборува за одобрување на тој документ“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со својот унгарски колега Петер Сијарто.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека „ако Шведска ги исполни своите обврски“, Анкара може да седне и да преговара со Стокхолм.
„Во овој момент, сепак, не можеме да го поддржиме членството на Шведска во НАТО“, рече турскиот министер.
Чавушоглу, сепак, посочи дека Анкара би можела позитивно да го разгледа членството на Финска во НАТО доколку Хелсинки и Северноатлантскиот сојуз одлучат Финска да поднесе барање за членство одделно од Шведска.
Според неговите зборови, Турција во моментот ја гледа кандидатурата на Финска за членство во НАТО во попозитивно светло од кандидатурата на Шведска.
По почетокот на руската специјална воена операција во Украина, на 18 мај минатата година, Финска и Шведска поднесоа барања за влез во алијансата до генералниот секретар на НАТО.
Барањата на Шведска и Финска не ги ратификуваа само две од 30-те земји – Унгарија и Турција, пренесе „Новости.рс“.
Регион
Зеленски: Интензивната офанзива на исток е одмазда за руските загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на исток како одмазда за претходните загуби во војната.
„Мислам дека нема да може да му обезбеди на своето општество некаков убедлив резултат од офанзивата. Јас сум уверен во нашата армија“, рече Зеленски.
„Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива“, рече Зеленски додавајќи дека Русите претрпеа огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели.