Контакт

Свет

Во Русија откриени 1.500 мутации на Ковид-19

Објавено пред

Речиси 1.500 мутации на коронавирусот се откриени во Русија, изјави Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на Форумот Гаидар.

„Тоа е важен аспект на оваа пандемија и ние континуирано работиме на тоа. Досега пронајдовме речиси 1.500 мутации“, потенцира Попова, пренесува ТАСС.

Според неа, во рускиот институт „Микроб“ во тек е анализата на информациите за мутациите во коронавирусот ширум светот.

„Мутациите за кои често се зборува во некои земји, претежно европски, станаа очигледни уште во септември. Покрај тоа, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни”, потврди Попова.

Свет

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Објавено пред

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.

45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот, кој при голема брзина излетал од регионален пат. По стравотната несреќа, пожарникарите го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар, каде што во моментот докторите се борат за неговиот живот.

Како што се знае досега, тој има скршеници на нозете. Тој е опериран, но засега не се знае неговата состојба.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Европа

„Астра зенека“ повторно нема да ја испорача договорената доза вакцини во ЕУ

Објавено пред

Компанијата „Астра зенека“ ѝ соопшти на Европската Унија дека во вториот квартал ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирусот. Тоа значи дека „Астра зенека“ ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини за набавка на ЕУ во вториот квартал.

Според договорот, компанијата се обврза да испорача 180 милиони дози.

Доколку се намалат дозите на вакцините, ова може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање 70 % од возрасните до летото.

Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека „Астра зенека“ планира да испорача приближно 40 милиони дози во првиот квартал, што е повторно помалку од половина од 90 милиони дози што требаше да ги испорача.

Портпаролот на компанијата изјави дека се надеваат оти ќе може подобро да ги усогласат испораките со договорот за набавка на авазивна вакцина.

Европската комисија, која ги координира преговорите со производителите на вакцини, одби да ги коментира податоците.

Прикажи повеќе...

Свет

Жерар Депардје обвинет за силување

Објавено пред

Познатиот француски актер Жерар Депардје (72) и формално е обвинет за сексуално насилство што наводно го извршил врз млада актерка во 2018 година откако француското обвинителство повторно го отвори случајот. Тој ги негира наводите.

Девојката го пријавила случајот во полиција во 2018 година велејќи дека и претхдно била силувана и оти во два наврата тоа се случило во куќата на Депардје во Париз. Според извор од истрагата, актерот му бил куќен пријател на семејството на девојката.

Обвинителот тогаш ја затворил истрагата, но летото 2020 година девојката успеала да ги убеди органите повторно да ја отворат постапката.

Депардје не е во притвор, но тој се наоѓа под судски надзор. Неговиот адвокат Ерв Темим изјави дека тој целосно ги отфрла обвинувањата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија2 часа

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Криминалната коалиција Заев – Мијалков прави циркус од државата

По пријавувањето на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, се огласи и лидерот на...

Македонија3 часа

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија3 часа

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија4 часа

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија6 часа

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија10 часа

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија10 часа

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија12 часа

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија12 часа

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Регион13 часа

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза. Иако вакцинирањето започна...

Европа13 часа

Британски студии: Вакцините драстично го намалуваат бројот на хоспитализирани лица

Две одделни британски студии покажаа дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, објави денес...

Македонија13 часа

Досега вакцинирани 1.155 здравствени работници во Македонија

Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19 во Македонија, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој уверува дека...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски веднаш да даде оставка, знаел за бегството на Мијалков

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да даде оставка веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ, по бегството на Сашо Мијалков. „Оливер Спасовски да...

Спорт1 ден

Мецелдер и формално обвинет за поседување детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и на Шалке, Криштоф Мецелдер, и формално е обвинет за поседување и распространување...

Македонија1 ден

Претрес на автомобилот на oбезбедувањето на Мијалков, запленети „ајфони“ и документи

По повеќе од три часа на распит, полицијата направи и претрес во возилото „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедувањето на...

Македонија1 ден

Стејт департментот: Ја следиме ситуацијата со Мијалков

Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков, изјави портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“. Оттука велат дека се...

Свет1 ден

СЗО: Богатите земји да не ја уништуваат програмата „Ковакс“

Шефот на СЗО ги обвини некои од богатите земји за поткопување на програмата „Ковакс“ за дистрибуција на антивирусната вакцина наменета...

Топ1 ден

Ограбиле спортска обложувачница во Ченто, пукале, па направиле сообраќајна несреќа

Хаос се случувал синоќа во скопската населба Ченто кога две лица ограбиле спортска обложувачница, а на излегување од објектот испукале...

Досие