Контакт

Свет

Во САД започнаа клинички тестирања на лек против Ковид-19

Објавено пред

Лек кој би можел успешно да лекува и да спречи Ковид-19 се тестира на пациенти во неколку американски градови, соопшти денес фармацевтската компанија „Регенерон“, а пренесе Си-ен-ен.

Ова е прв тест на коктел со антитела против Ковид-19 во Америка.

Ако тестирањето се покаже како успешно, „Регенерон“ се надева дека лекот би можел да биде достапен веќе наесен.

Клиничките испитувања започнаа вчера, а компанијата најавува дека лекот ќе се тестира на четири групи пациенти: оние кои се хоспитализирани со Ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не се хоспитализирани, на здрави лица кои се во ризична група да се разболат и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице.

„На светот му се потребни бројни решенија за лекување, така што иновативната биофармацевтска индустрија работи заеднички за да им помогне на што е можно повеќе луѓе“, вели доктор Џорџ Јанкопулос, ко-основач, претседател и раководител на научниот оддел на компанијата „Регенерон“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Чедомир Јовановиќ приклучен на кислород

Објавено пред

Состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница, наведуваат некои белградски медиуми.

Јовановиќ беше примен во болница пред неколку дена поради пневмонија, потврдено е тогаш за Б92.нет од ЛДП.

Според денешните извештаи во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.

Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.

Како што претходно објави Б92.нет, Јовановиќ бил во контакт со лице кое се заразило со коронавирус, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болницата и направил тест за коронавирусот. Резултатите не се објавени.

Прикажи повеќе...

Свет

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот

Објавено пред

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот, изјави владиниот портпарол, додека во Токио е забележано најголемо дневно зголемување на бројот на заразени во последните два месеца, за што причина се случаите поврзани со ноќните клубови во јапонската престолнина.

Во Токио беа потврдени 124 нови случаи, што е пораст од 107 во однос на претходниот ден, тоа делумно е резултат на зголеменото тестирање на работниците во населбите Шинџуку и Икебукуро, познати по ноќниот живот.

Сепак, бројот на сериозни случаи опаѓа и нема потреба да се наметнува вонредна состојба, која беше укината на 25 мај, изјави портпаролот на владата, Јошихиде Суга.

Прикажи повеќе...

Свет

Членови на озлогласена индиска банда од заседа убиле осум полицајци

Објавено пред

Банда на озлогласени криминалци утрово од заседа уби осум полицајци и рани уште пет други крај село во близина на Канпур, во сојузната индиска држава Утар Прадеш.

Бандитите успеале да избегаат пред да пристигне полициското засилување.

Утар Прадеш, со население од 230 милиони, е една од најсиромашните индиски држави, но исто така и најнестабилна, со висок степен на сериозни злосторства – вооружени грабежи, киднапирање, силување и убиства.

Утрово полицијата се обиде да го уапси Викас Дубеј, главниот осомничен за десетици крвави злосторства.

Тој е обвинет, меѓу другото, за 60 убиства, бројни вооружени грабежи и киднапирања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион49 минути

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа53 минути

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет1 час

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија2 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет2 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија3 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион3 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија14 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет17 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт17 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија18 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија19 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија20 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија20 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт23 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија24 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија1 ден

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет1 ден

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Досие