Свет
Во САД извршени рекорден број егзекуции од 1800 година

Оваа година, првпат во историјата, во САД биле извршени повеќе смртни казни отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон.
По седумнаесетгодишна пауза, претседателот во заминување Доналд Трамп нареди извршување на смртната казна во целост, така што беа извршени рекордни 10 егзекуции во САД во текот на 2020 година, најмногу од 1800 година, објави „Асошиејтед прес“.
„Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори”, рече Роберт Данам од Центарот.
Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Избувна најактивниот вулкан во Индонезија

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи на островот Јава, повторно почна да испушта облаци со врела пареа и топла лава кои се спуштаа низ падината во должина од 1.500 метри.
„Тоа беше најдолгиот проток на лава на планината Мерапи откако властите го подигнаа нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември“, рече Ханик Хумаида, шефица на Центарот за вулканологија и геолошко ублажување на опасностите, пренесува „Ројтерс“.
Mount Merapi spews volcanic materials in Yogyakarta, #Indonesia , as it continues to erupt on Tuesday. #volcano pic.twitter.com/6EYCUXmS3X |@chinadailyworld
— IG: Merapi Uncover (@merapi_uncover) January 27, 2021
Засега, нивото на готовност е на второто највисоко ниво, рече таа и истакна дека населението треба да се држи настрана од постојната опасна зона од 5 километри околу кратерот.
Најактивниот индонезиски вулкан на планината Мерапи со надморска височина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава и во близина на градот Јогјакарта, а во последно време еруптираше неколку пати со облаци лава и гас.
За време на неговата последна голема ерупција во 2010 година, загинаа 347 лица, а 20.000 жители беа евакуирани.
Индонезија, архипелаг со повеќе од 250 милиони жители, се наоѓа во таканаречениот огнен појас на Пацификот, област на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции, во која научниците следат повеќе од 120 активни вулкани, наведува агенцијата.
Свет
Сенатот потврди – Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Американскиот Сенат го потврди Ентони Блинкен за нов државен секретар со двопартиска поддршка. Блинкен, кој е ветеран во дипломатијата и долгогодишен советник на претседателот Џо Бајден, го доби потребното мнозинство во 100-члениот Сенат. Тој го наследи Мајк Помпео, кој беше еден од членовите на кабинетот на претседателот Доналд Трамп со најдолг стаж. Блинкен ќе има задача да ја обнови американската дипломатија и глобалниот ангажман по четиригодишната политика на Трамп „Најпрвин Америка“, обележана со презир кон меѓународните институции и судири со сојузниците и конкурентите.
Меѓу неговите први приоритети ќе биде деескалација на зголемените тензии со Иран, обнова на оштетените односи со сојузниците и управување со сè поиздржливите односи со Кина.
Европа
Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден, и германската канцеларка, Ангела Меркел.
Во разговорот меѓу двајцата државници, решавањето на ситуацијата на Западен Балкан е ставено на листата на шесте најитни теми, по прашањата поврзани со Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина.
Во соопштението од германската влада се вели дека Бајден ѝ ја пренел на канцеларката желбата да ги продлабочи односите меѓу двете земји и ја изразил својата намера да го заживее трансатлантскиот сојуз, вклучувајќи го НАТО и Европската Унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности.
Бајден и Меркел се согласија за заедничките приоритети во надворешната политика, кои ги вклучуваат Авганистан, Кина, Иран, Русија, Украина и Западен Балкан и се согласија за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, пандемијата на Ковид-19, како и продолжувањето на одржливото глобално економско закрепнување, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот