Свет
Во САД конечна распределба на избирачките гласови, Хилари Клинтон со критики за ваквиот систем

Гласовите на избирачите (електори) од сојузните американски држави треба да ја заверат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Преку овој процес денеска треба да минат сите 50 држави, со што би се ставило и крај на обидите на републиканецот Доналд Трамп да ги оспори резултатите од изборите одржани на 3 ноември.
Вермонт, малата американска сојузна држава на североистокот од земјата, денеска беше првата чии електори гласаа во формалната процедура преку која Избирачкиот колеџ ги потврдува резултатите од претседателските избори во САД, на кои победа извојува поранешниот американски потпретседател Бајден.
За Бајден, меѓу другите, веќе гласаа и електорите од државите Џорџија (која носи 16 избирачки гласа), Невада (6), Аризона (11), Пенсилванија (20), Висконсин (10) и Њујорк (29). Токму во таа држава два избирачки гласa дадоа поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка и негова сопруга, Хилари Клинтон, затоа што тие се наоѓаат меѓу 29-те електори со кои располага Њујорк.
Во салата одекнал аплауз кога било објавено дека сите 29 електори гласале за Бајден и сенаторката Камала Харис за потпретседателка, пренесува „Њујорк тајмс“.
Гувернерот на Њујорк, демократот Ендрjу М. Куомо, исто така беше еден од електорите и претседаваше со Избирачкиот колеџ.
По гласањето, Хилари Клинтон на „Твитер“ го објави својот став дека Избирачкиот колеџ треба да биде укинат и победникот на претседателските избори да биде прогласуван според бројот на собрани гласови од граѓаните.
На претседателските избори во 2016 година републиканецот Трамп ја победи Хилари врз основа на електорските гласови, иако таа вкупно доби повеќе гласови од граѓаните.
„Но, сè додека постои (тој систем) јас сум горда што го дадов својот глас во Њујорк за Џо Бајден и Камала Харис“, напиша Клинтон.
Инаку, електорите се партиски лојалисти што републиканците и демократите ги избрале два месеца пред изборите, а во секоја сојузна држава има онолку електори колку што електорски гласови носи таа.
Електорите по закон не се обврзани да гласаат според волјата на мнозинството од гласачите во нивната сојузна држава, но бројот на такви бунтовници секогаш е мал, а некои држави сега воведоа и казни за таквите претставници.
Досега бројот на ваквите пребегнати електори никогаш не влијаел на исходот на претседателските избори.
Според резултатите од изборите на 3 ноември, Бајден освои 306 избирачки гласови, а Трамп 232.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Евакуирано населението од област во Шангај откако се откриени три нови случаи на Ковид-19

Властите во Шангај започнаа со евакуација на населените места во близина на реката Бунд, откако официјалните лица открија најмалку три нови случаи на ковид-19.
Официјалните лица не наведоа колку луѓе биле протерани од таа област во централниот дел на Шангај, но тие го зголемиле бројот на тестови со цел веднаш да спречат малите фокуси да се претворат во големи, објави Гардијан.
Заразени се две лица кои работат во болници, а исто така се и соседи, додаваат официјални лица, додека кај нивните контакти е пронајден трет случај.
Се дезинфицираат градските автобуси, пред жителите на иселената населба да бидат однесени во хотел, а некои патишта се затворени.
Свет
„Лидл“ им нуди 200 долари на своите вработени во САД за да се вакцинираат

Германскиот синџир супермаркети „Лидл“ им понуди на сите свои вработени во САД кои се вакцинираат против Ковид-19 дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане подостапна во сојузните држави.
„Лидл“ ја објави понудата по слични потези на неговите конкуренти на американскиот пазар како „Алди“ и „Долар џенерал корп“, како и компанијата за испорака на намирници „Инстакарт“, пренесува „Ројтерс“.
Паричниот стимул што го нуди „Лидл“ за вакцинирање е меѓу најголемите што компанијата некогаш им ја понудила на своите американски работници.
„Лидл“ рече дека неговите вработени покажуваат голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерно истражување во кое скоро осум од 10 работници изјавиле дека планираат да се вакцинираат веднаш штом вакцината биде достапна.
„Лидл“ ги продава своите производи во повеќе од 125 продавници низ девет американски држави на источниот брег.
Свет
„Твитер“ ѝ забрани пристап до профилот на Кинеската амбасада во САД поради твитот за Ујгурите

„Твитер“ ѝ забрани пристап до профилот на Кинеската амбасада во САД поради наводна повреда на неговата политика против дехуманизација со твит во кој Кина ги брани своите активности во Сјинџијанг, пренесува РТ.
Ова се случува само неколку недели по суспендирањето на американскиот претседател Трамп од платформата. Платформата забранува „дехуманизација на група луѓе врз основа на нивната религија, каста, возраст, попреченост, сериозни болести, национално потекло, раса или етничка припадност“.
Технолошкиот гигант го заклучи @ChineseEmbinUS, официјалниот профил на Кинеската амбасада, за наводно кршење на политиките против дехуманизација откако одбила да избрише твит за одбрана на политиките на владата во врска со Ујгурите муслимани во регионот Сјинџијанг. Портпарол на Твитер во средата потврди дека профилот е сè уште е заклучен.
Твитот, во кој се вели дека ‘жените Ујгури веќе не се машини за правење бебиња, благодарение на работата на кинеската влада за искоренување на екстремизмот во Сјинџијанг’, и наместо тоа станале ‘посамоуверени и независни’, од 8 јануари беше скриен зад известувањето „овој твит веќе не е достапен“.
Сепак, „Твитер“ бара амбасадата рачно да го избрише твитот за да ѝ го отклучи профилот. Амбасадата твитна неколку пати по објавувањето на навредливиот пост, кој остана видлив најмалку 24 часа пред да биде цензуриран.
Кинеските медиуми претходно го критикуваа одговорот на „Твитер“ на твитот како лицемерие зашто и други твитови, кои остануваат видливи, исто така ја бранат кинеската политика во однос на Ујгурите.
Една објава содржи графикон кој прикажува како се зголемува бројноста на малцинството повеќе од 25 отсто од 2010 до 2018 година, а друг ги објаснува деталите на политиката на Пекинг за планирање на семејството во Ксинџијанг.
Does #Xinjiang really have forced sterilization policy? Find out what real scholars in #Xinjiang have to say:
🔗https://t.co/WbVtkxihr3 pic.twitter.com/cs4ARqeAkD— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) January 8, 2021
Кина ја бранеше својата ујгурска политика како спротивставување на екстремизмот во регионот, а САД во ноември ја тргнаа ознаката „терористичко“ од Источното туркистанско исламско движење (ЕТИМ) – милитантна верска организација.
„Твитер“ им дозволи на критичарите на Пекинг, вклучувајќи го и поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, кого кинеската влада неодамна го санкционираше за мешање во внатрешните работи на Кина, да ја обвинуваат Кина за спроведување геноцид во регионот, наводно со насилна стерилизација на жените Ујгури.
Иако „Твитер“ е забранет во Кина, владата одржува профили таму и на другите западни социјални мрежи наменети за странска публика. Платформата нема историја на заклучување на профилите на кинеската влада, предизвикувајќи шпекулации дека тајмингот на овој потег сугерира обид да се покаже фер поради зголемена цензура.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот