Свет
Во САД над 220.000 заболени од Ковид-19, се чека вакцината

Во последните 24 часа САД регистрирале повеќе од 220.000 нови случаи на коронавирус, на ниво малку пониско од рекордот во последните денови во земјата, покажаа податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, а Американците се надеваат дека ги чекаат првите дози на вакцината. Во исто време починале 2.500 лица.
Американските власти очекуваа зголемени бројки на заболени од Ковид-19 кога милиони луѓе патуваа на Денот на благодарноста пред десет дена и покрај повиците да останат дома.
Повеќе од 100.000 лица во моментот се наоѓаат во болниците во САД.
Американците, соочени со огромен скок на инфекција во последните неколку недели, се надеваат дека ќе почнат кампања за вакцинација што е можно побргу.
Вакцината на „Фајзер/Бајонтек“ може да биде одобрена во наредните денови, а вакцината на „Модерна“ веќе следната недела.
Експертите на Агенцијата за лекови на САД (ФДА) во извештајот објавен во вторникот велат дека вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бајонтек“ не е ризична во однос на безбедноста.
Советодавниот одбор на агенцијата утре треба да се состане и да донесе одлука за одобрување на вакцината, како што веќе тоа го стори Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Коронавирус пронајден во сладолед во Кина

Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната влада.
Компанијата Дакијаодао Фуд во градот Тијанџин беше затворена, а вработените се тестирани за коронавирус.
Поголемиот дел од сладоледот, од кои имало 29.000 парчиња, сè уште не е продаден, а властите успеаја да влезат во трага на 390-те сладоледи продадени во Тијанџин.
Сладоледот е направен од млеко во прав од Нов Зеланд и прав од сурутка од Украина.
Кинеската влада сугерира дека вирусот е увезен преку состојки, иако експертите се сомневаат во тоа.
Свет
Над 50 лица загинаа загинаа во земјотресот во Индонезија

Над 50 загинати и околу 800 повредени се потврдени засега, по земјотресот од 6,2 степени што во петокот ја погоди Индонезија.
Спасувачите успеаја да дојдат до повеќе преживеани под урнатите.
Околу 15.000 лица ги напуштија своите домови, најмалку 300 куќи се целосно оштетени.
Вчера регионот го застресе нов удар со јачина од пет спетени.
Свет
Фејсбук и Инстаграм ги вратија профилите на Трамп

Страниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на Фејсбук и на Инстаграм се активни од неодамнешната блокада.
Претходно, Марк Цукерберг, шефот на Фејсбук, напиша дека страниците на Трамп ќе останат блокирани сè додека не ја напушти функцијата.
Инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари.
Големите американски социјални мрежи ги блокираа страниците на Трамп откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот. Тие повикаа на преглед на резултатите од неодамнешните избори, на кои ривалот на Трамп, демократскиот кандидат Џо Бајден, освои мнозинство гласови.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира