Европа
Во Сингапур регистриран нов вирус, има повеќе од 11.000 пациенти

Властите во Сингапур денеска објавија дека регистрирале голем број заболени од треската денга, сезонска болест, која се појави невообичаено на почетокот на оваа година, пренесуваат локалните медиуми.
Во таа земја, според написите, во Југоисточна Азија годинава се регистрирани повеќе од 11.000 случаи до 1 јуни кога вообичаено почнува сезоната на треската денга.
Во истиот период лани биле пријавени 5.258 случаи.
Експертите предупредуваат дека ваквата статистика не само што треба да го загрижува Сингапур, иако неговата тропска клима е природно живеалиште за комарците од родот тигрести комарци, кои го пренесуваат овој вирус, туку е проблем и за остатокот од светот.
Според последните написи, се верува дека поради глобалните климатски промени, ваквите епидемии ќе станат почести и помасовно во наредните години.
Денга предизвикува симптоми слични на грип, како треска, силни главоболки и болки во целото тело, а во екстремни случаи може да дојде до крвавење, отежнато дишење, откажување на органите, па дури и смрт, наведува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавено видео од нападот во Осло

Во главниот град на Норвешка две лица загинаа, а 19 се повредени во напад, што полицијата го истражува како терористички акт.
„Местото на злосторството се протегало на неколку локации, од „Лондон паб“ до друг клуб во близина, како и околните улици, а во една од нив напаѓачот бил набрзо уапсен, само неколку минути по отворањето на огнот,.
„Лондон паб“ е популарен геј бар и ноќен клуб во центарот на Осло.
„Видов човек со торба во раката. Тој извади пиштол и почна да пука“, изјави новинарот Олав Ренеберг, кој бил сведок на пукањето во норвешката престолнина.
Како што беше наведено, утринава во 01:19 часот полицијата добила неколку пријави за пукање во центарот на градот, пренесува Ројтерс.
Засега властите сметаат дека напаѓачот делувал сам.
Норвешката полиција го истражува пукањето во Осло како терористички напад
„Полицијата го уапси осомничениот. Инцидентот се истражува како терористички напад, се вели во соопштението.
Европа
Пукање во ноќен клуб во Норвешка: Двајца загинати, 19 повредени

Две лица загинаа во пукање во ноќен клуб во норвешката престолнина Осло, соопшти полицијата рано утринава.
Полицијата на Твитер објави дека неколку лица се повредени, а осомничениот бил приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.
Сите индиции се дека сторителот дејствувал сам, изјави портпаролот на полицијата Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.
Нема информации за потенцијалниот мотив, а полицијата не ги објави возраста или идентитетот на уапсениот осомничен.
Европа
Бербок: Потребни се нови одржливи рути за извоз од Украина

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бeрбок, наведува дека веќе во јули можно е да има извоз на жито од Украина.
„Воспоставувањето одржлива рута за транспорт на жито од Украина е еден од главните приоритети во спречувањето на глобалната криза поради недостиг на производи“, вели Бeрбок.
„Рускиот претседател Владимир Путин ја уценува Украина и затоа е важно да се развиваат новите транспортни рути“, оценува министерот за земјоделство на Германија, Џем Ездемир.