Свет
Во Словачка, за првпат од 10 март нема нови случаи на коронавирус
За првпат од 10 март, Словачка нема нов случај на инфекција со коронавирус, според официјалните податоци на владата.
Во таа земја со население од 5,5 милиони жители, генерално има помалку случаи на инфекција со коронавирус, како и помалку смртни случаи отколку во соседните земји.
Според официјалните податоци, вкупно 1.455 лица биле заразени со коронавирус, 26 пациенти починале, а досега заздравеле 919 лица.
Владата во средата ги отвори сите продавници надвор од трговските центри, како и хотелите, музеите, галериите и другите туристички атракции на отворено, и дозволи верските служби и свадби да се одржуваат со ограничен број гости.
Но, училиштата сè уште се затворени и патување надвор од државата сè уште не е можно. Секој што пристигнува од странство мора да помине 14 дена во државен карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на смртни случаи во ЕУ се зголемува поради загадениот воздух
Загадувањето на воздухот со ситни честички уби речиси 240.000 луѓе во Европската унија во 2022 година, што е пад од пет проценти во споредба со претходната година, се вели во извештајот објавен од Европската агенција за животна средина.
Агенцијата процени дека има „најмалку 239.000“ смртни случаи кои се припишуваат на изложеност над препорачаните нивоа на ПМ2,5, најмалите честички за вдишување најопасни по здравјето на луѓето.
Бројот на смртни случаи како резултат на изложеност на штетни честички е најголем во Италија, Полска и Германија.
Низ континентот, оваа бројка е намалена во споредба со 2021 година, кога честичките, кои можат да навлезат длабоко во белите дробови, предизвикаа 253.000 предвремени смртни случаи.
Помеѓу 2005 и 2022 година, бројот на смртни случаи што се припишуваат на PM2,5 падна за 45 проценти, така што Агенцијата се надева дека ќе ја постигне својата наведена цел за намалување на таквите смртни случаи за 55 проценти до 2030 година.
Во извештајот се наведува дека има 70.000 смртни случаи кои се припишуваат на изложеност на загадување на озон (О3), особено од патниот сообраќај и индустриска активност, и 48.000 предвремени смртни случаи кои се припишуваат на вдишување на азот диоксид (NO2), главно од возилата и термоцентралите.
Агенцијата посочува дека загадувањето на воздухот и понатаму останува најголемата еколошка закана за здравјето на Европејците.
Свет
Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, а можеби и од Кина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“ само од Трамп.
„Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, а можеби и од Кина“, рече Зеленски на платформата „Икс“.
Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз на 7 декември, со кои разговараше за рускиот напад.
Свет
Трамп, Маск и Орбан разговараа за развојот на сателитската технологија во Унгарија
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто, на својот имот на Флорида, Мар-а-Лаго.
На средбата, на која присуствуваше и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се разговараше за развојот на сателитската технологија во Унгарија.
Унгарската ИТ-група 4iG наведува дека средбата би можела да отвори сосема ново поглавје во областа на иновациите и соработката меѓу САД и Унгарија.