Европа
Во Словенија пристигна стелт омикрон – потврден првиот случај

Словенија денеска го потврди првиот случај на подвидот омикрон на сојот БА.2, изјави шефот на националната лабораторија, Тјаша Жохар Кретник.
Таа рече дека сѐ уште не е јасно дали овој подвид е позаразен од оригиналот. Кретник соопшти дека БА.2 е откриен во Подравје, пренесе агенцијата СТА.
Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаја од подвидот БА.2.
BA.1 е првиот тип на омикрон што го замени делта-сојот за неколку недели и сега претставува, барем во Словенија, 95 % од новите инфекции.
Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидот омикрон во првите 10 дена од јануари наведувајќи дека BA.2 е откриен во уште 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што повеќето од овие омикрон-зарази се подвидови.
Подваријантата на омикрон, BA.2, го доби прекарот стелт омикрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Поранешниот германски канцелар Шредер ќе ги загуби привилегиите поради врските со Русија

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер дополнително ќе биде казнет затоа што не сакал директно да ја осуди руската инвазија на Украина.
Германската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократите (СПД), партија на која и припаѓа и Шредер и која некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги ужива како поранешен канцелар. Тој ќе остане без својата канцеларија и персонал, според владиниот предлог што треба да го одобри Комисијата за буџет во четврток, пренесуваат медиумите во регионот.
Шредер, како што пишува во извештаите, ќе може да ја одржува пензијата и личната заштита. Конзервативната опозиција побарала тој да остане без пензија.
Опозицијата тврди дека го нарушува угледот на Германија во светот бидејќи не се оградил од рускиот претседател Владимир Путин и затоа што ги задржал своите должности во различни руски енергетски компании. Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последниот социјалдемократ кој ја предводеше Германија пред сегашниот канцелар Олаф Шолц.
Потоа, меѓу другите, работеше за „Северен тек“, „Гаспром“ и „Роснефт“. Раководството на СПД побара од него да ја напушти партијата. Некои дури бараа да биде избркан.
Европа
Кремљ: Тврдењата на Киев се лажни – Украинските екстремисти од Азовстал се предаваат, нема збор за евакуација

Обидите на Киев да го окарактеризира предавањето на украинските екстремисти од „Азовстал“ како евакуација се неточни, тие се предаваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Недвосмислено е дека војниците кои се засолниле на територијата на „Азовстал“ се предаваат и го полагаат оружјето. Што се однесува до нивната идентификација, прашањето треба да се испрати до Министерството за одбрана на Русија – изјави тој.
Песков ги нарече недозволиви обвинувањата на Киев дека руски војници вршеле злосторства за време на специјална воена операција и рече дека многу од случаите за кои зборува Киев се лажни и монтирани.
– Многу од случаите за кои зборува Киев се очигледно лажни. Најмногу сме шокирани од монтираните случаи кои нашите експерти покажаа дека се лажни, па така се однесуваме кон нив – нагласи портпаролот на Кремљ, пренесе Новости.
Европа
Песков: Нема напредок во преговорите меѓу Украина и Русија, Киев не е заинтересиран за нивно продолжување

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема напредок во мировните преговори на Русија со Украина и дека Киев не е заинтересиран за нивно продолжување.
Преговорите не напредуваат, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко изјави во вторникот дека Москва и Киев не водат разговори „во ниту една форма“ и дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“.