Контакт

Вести

Во талибанските напади во Пакистан, најмалку 19 убиени и 85 ранети

Објавено пред

Пакистанските талибани убиле 19 лица во нападите во Лахоре и Квета а уште 85 луѓе се ранети, покажуваат обновените податоци од понеделникот вечерта, пренесуваат локалните медиуми според кои екстремните исламисти се заканиле дека „ова е само почетокот“ на новиот бран насилства.

Пакистанската полиција наведе дека меѓу убиените во Лахоре, престолнината на покраината Пенџаб, се убиени шест полицајци. Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот на една од главните сообраќајници на плоштадот Черинг Крос во близина на зградата на покраинскиот парламент кога се одржувал протест на фармацевтите.

Одговорноста за нападот ја презема фракцијата на пакистанските талибани Џамат-ур-Ахрар. Портпаролот на оваа група во писмена порака за AFP предупредил дека атентатот во понеделникот е само почеток на низата напади коишто ќе следат набрзо.

Џамат-ур-Ахрар ја презема одговорноста и за бомбашкиот напад последниот католички Божик во паркот во Лахоре во кој загинаа повеќе од 70 луѓе. Оваа културна престолнина на Пакистан со речиси десет милиони жители често беше потресувана од меѓупартиски и бандитски брутални пресметки, а потоа од нападите на талибаните, но последните месеци главно беше поштедена.

Неколку часа подоцна по експлозијата во понеделниот, двајца пиротехничари загинаа во обидот за деактиварање на експлозив во градот Квета, на југозападот од земјата, пренесе агенцијата DPA.

Претходно, ноќта кон понеделникот, импровизирана експлозивна направа повреди тројца пакистански војници кои во понеделниот починаа од здобиените повреди, објави командата на армијата.

Во понеделникот се случи уште еден талибански напад, кога нивен припадник на мотоцикл уби снимател на локална телевизија, што е нов напад врз медиумските работници.

Насилствата во Пакистан беше во пад откако војската ги потисна талибаните и ним блиските припадници на терористичката мрежа Ал Каеда од северозападните паштунски племенски полуавтономни области на границата со Авганистан во серијата офанзиви покренати од средината на 2014 година.

Меѓутоа, ниту војската, ниту полицијата не успеаја целосно да ги инесспособат екстремистите да изведуваат повремени ненадејни напади, што го свртува вниманието на јавноста кон челниците на безбедносните и разузнавачки служби./крај//мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 минути

(Видео) Се ожени Саша Ковачевиќ: Крунисување на децениска љубов на интимна церемонија

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац минатата година, а потоа дојде прекрасната вест...

Свет18 минути

Израел ги затвора граничните премини кон Газа: „Имаат доволно храна“

Израелската владина агенција COGAT објави дека ги затвора премините Рафа и Керем Шалом кон Газа до понатамошно известување. Агенцијата додаде...

Свет20 минути

Амбасадор: Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети и инфраструктура

Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети земја-земја и инфраструктурата што не се поврзани со енергетскиот сектор, изјави...

Европа24 минути

Зеленски во Лондон: На ​​Украина ѝ е потребна дополнителна воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера му рече на британскиот премиер Кир Стармер дека на Украина ѝ е потребно дополнително ракетно...

Свет30 минути

(Видео) Разорен земјотрес ги погоди Филипините: Прв со јачина од 7,8 степени, проследен со серија застрашувачки потреси

Разорниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините во понеделник, околу 1:30 часот по...

Македонија42 минути

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност...

Забава7 часа

Британска лекарка издвои пет замрзнати намирници за подолг и поздрав живот

Британската лекарка по општа пракса, д-р Асија Маула, вели дека многу намирници што придонесуваат за долговечност се идеални за замрзнување...

Спорт8 часа

Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во...

Македонија8 часа

Со пиштоли, сокриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите, Обвинителството побара притвор  за двајца браќа 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...