Контакт

Свет

(Видео) Во Тајван се урна мост врз бродови, има исчезнати

Објавено пред

Висок заоблен мост над заливот на пристаништето во североисточниот дел на Тајван се урна врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе.

„Ројтерс“ соопшти дека мостот долг 140 метри се урнал врз неколку рибарски бродови и се претпоставува дека најмалку шест члена на екипажот се заробени во нив.

Најмалку девет лица паднале во вода, а седум се спасени досега.

Шест лица се сериозно повредени, но се стравува дека има исчезнати, пренесува „Ројтерс“.

Кога се урнал мостот на него се наоѓал камион кој превезувал танкер со нафта, кој потоа запалил.

Во потрагата биле вклучени воен хеликоптер, рибарски бродови и повеќе од 60 војници и нуркачи.

Тајван, наводно, вчера бил погоден од тајфунот Митаг, кој донел силен ветер од 162 километри на час, поради што биле откажани 160 летови и повеќе од 60.000 луѓе останале без струја.

Сепак, нема официјални изјави за тоа дали невремето влијаело врз уривањето на мостот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Корбин: Не сме задоволни од договорот за брегзит, ќе гласаме против

Објавено пред

Британските лабуристи не се задоволни од новиот договор за брегзит и сметаат дека тој е уште полош од она што го постигнала поранешната премиерка, Тереза Меј.

„Не сме задоволни од овој договор и ќе гласаме против“, рече во Брисел, Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, најголемата опозициска партија во Велика Британија.

Корбин во изјавата рече дека судејќи според она што се знае, се чини дека премиерот Борис Џонсон преговарал за уште полош договор од оној на Тереза Меј, кој во голем дел бил одбиен од британскиот парламент, се вели во извештајот на агенцијата АП.

Велика Британија и Европската унија постигнаа нов договор за брегзит, објави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Каде има волја, има и договор – ние го постигнавме! Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата заложба за изнаоѓање решение“, нагласи Јункер.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Дутерте повреден во незгода со мотоцикл

Објавено пред

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се здобил со полесни повреди откако загубил рамнотежа и паднал додека возел мотоцикл, пренесува „Раплер“.

Несреќата се случила во комплексот на претседателската резиденција Малакананг во Манила. Портпаролот на претседателот, Салвадор Панело, изјави дека 74-годишниот Дутерте одеднаш изгубил контрола врз мотоциклот и паднал.

„Претседателот посегаше по чевелот кога падна од мотоциклот, што резултираше со мала повреда, лесни модринки и полесни гребаници на лактот и коленото“, се вели во изјавата на Панело.

Подоцна беше споделено видео на кое Дутерте, облечен во формална облека, без кацига или друга заштитна опрема, се вози на мотоцикл. Несреќата не е прикажана во клипот.

Несреќата се случи 10 дена откако Дутерте, најстарата личност избрана за филипински претседател, откри дека боледува од мијастенија гравис, невомускулно автоимуно заболување кое може потенцијално да има сериозни компликации.

Прикажи повеќе...

Регион

Протести во Солун и Атина, уапсени 12 лица

Објавено пред

Дванаесет лица беа уапсени денес во Солун на протестите организирани против турската интервенција во Сирија.

Протестите се организирани на местото каде што се наоѓа Музејот на Мустафа Кемал Ататурк, кој е изграден на местото каде што е роден основачот на модерна Турција.

Демонстрантите влегле во имотот на Музејот Ататурк, кој се наоѓа на имотот на турскиот конзулат, и поставиле транспарент пред да бидат приведени од стражарите и полицијата, пренесува АП.

Одговорноста за инцидентот ја презела грчка анархистичка група, која објавила видео од протестот на нивната страница.

Протест се одржа и во Атина пред турската амбасада, каде што учесниците ги повикаа граѓаните „да ја интензивираат организираната борба против експлоативните системи што генерираат компетентност, сиромаштија, војни и бегалци“ и изразија солидарност со луѓето во Сирија кои страдаат, како и со луѓето во Турција кои ја осудуваат и се спротивставуваат на инвазијата на Сирија, пренесува АНА.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ34 минути

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид, сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Топ1 час

Расчистено убиството во Кочани – синот го избодел татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 час

Заев – Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во...

Европа2 часа

Постигнат договор за брегзит

Договорот за брегзит конечно е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија околу новиот...

Македонија2 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа4 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион4 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет5 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа5 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија15 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија17 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија19 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа20 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија22 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија23 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија24 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија1 ден

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 ден

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 ден

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Досие