Контакт

Свет

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Објавено пред

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за киднапирање, силување и убиство на 19-годишната студентка Мелиса Тротер и сè до смртта тој тврдеше дека е невин.

„Боже, прости им, не знаат што прават“, биле неговите последни зборови.

Студентката од колеџот „Монтгомери“, Мелиса Тротер, последен пат била видена жива на 8 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во Националната шума Сем Хјустон.

Сверинген во неколку наврати се обидувал да ја побие пресудата тврдејќи дека таа е направена врз основа на посредни докази и сомнително форензичко истражување, а самата смртна казна била одложувана петпати.

Сведоците тврделе дека го виделе Тротер како го напушта кампусот на 8 декември во придружба на Сверинген.

Фактот дека жената на Сверинген открила запалка и кутија цигари во приколката се користела како доказ, иако ниту таа ниту Сверинген не бил пушач.

Меѓутоа, неговите адвокати посочија на ДНК пронајдена под ноктите на жртвата, која не му припаѓала на Сверинген.

Свет

Франција повика на прекин на огнот, Германија го осуди Хамас

Објавено пред

Франција и Египет се последните во низата држави кои повикуваат на прекин на насилството меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот египетски колега Абдул Фатах ал-Сиси изјавија дека „споделуваат длабока загриженост за тековната ескалација на насилството и жалат за бројните цивилни жртви“, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Тие, исто така, се согласија да ги координираат напорите за посредување во брзиот прекин на огнот со официјални лица од Египет, Катар, САД и ООН кои работат на ставање крај на кризата.

Германската канцеларка Ангела Меркел во меѓувреме повика на што побрзо прекинување на насилството, разговарајќи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Сепак, таа ја изрази солидарноста на Германија со Израел во конфликтот.

„Канцеларката уште еднаш остро го осуди продолжувањето на ракетните напади од Газа врз Израел и го увери премиерот во солидарноста на германската влада“, рече нејзиниот портпарол Штефен Зајберт.

Во соопштението се додава дека, со оглед на цивилните жртви од обете страни, Меркел „изрази надеж дека борбите ќе завршат што е можно побрзо“.

Вечерните воздушни напади врз Газа беа меѓу најтешките до сега. Израелската армија тврди дека била насочена кон домовите на лидерите на Хамас. Оштетени се главните патишта и далноводите.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека 200 лица биле убиени во израелските напади за една недела. Во соопштението се додава дека меѓу загинатите има 59 деца и 35 жени, а повредени се 1.305 лица, пишува Би-Би-Си.

Израелската армија тврди дека убила повеќе од 130 милитанти во Газа. Десет лица, меѓу кои две деца и еден војник, биле убиени во Израел со ракети истрелани од милитанти во Газа истовремено.

Израел сè уште не ги заврши нападите врз Газа. Сите индикации се дека воените напади ќе продолжат уште некое време. Целта на Израел, велат официјалните лица, е да уништи што е можно повеќе инфраструктура на Хамас во догледно време, како и да убие што повеќе членови на Хамас.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа објави на Твитер дека „насилството мора веднаш да престане“. Но, американскиот претседател, Џо Бајден досега го поддржуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Израел има право да се брани.

Како резултат на синоќешниот напад, дури 40.000 цивили биле принудени да ги напуштат своите домови, а ОН предупредуваат на влошување на хуманитарната состојба.

Прикажи повеќе...

Свет

Фатах: Палестинските движења нема да го користат Либан за напади врз Израел

Објавено пред

Движењата на Палестинските национални власти (ПНА) немаат намера да ја користат либанската територија за извршување воени операции против Израел, изјави Махмуд Саид, портпарол на политичкото биро на движењето Фатах во Либан.

„Нашиот судир со израелскиот непријател е долгорочен и во одреден момент се случи на територијата на Либан. Но, дојдовме до заедничко палестинско решение, според кое конфронтацијата треба да се случува во рамките на Палестина “, рече Саид.

Претходно, либанските медиуми објавија дека движењата на ПНА забрануваат вооружени единици во палестинските логори да вршат какви било нападо против Израел од либанско тло како одговор на барањето на либански Хезболах до движењата на ПНА по ова прашање.

Судирите меѓу верниците на Израел и Палестинците во џамијата Ал-Акса и населбата Шеик Џара во Ерусалим почнаа за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, а потоа предизвикаа интензивна воена конфронтација на границата меѓу Израел и Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Полските тајни служби привеле осомничен обвинет за шпионирање за Русија

Објавено пред

Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска  го привела полскиот државјанин Марцин К. под сомнение за шпионирање за руски тајни служби и предавање воени тајни, изјави портпаролот на министерството што ја координира активноста на полските тајни служби, Станислав Зарин, пренесува ТАСС.

„На 5 мај 2021 година, агентите на Службата за внатрешна безбедност приведоа 43-годишен маж под сомнение дека шпионирал. Според доказите собрани од ИСА, овој полски државјанин работел за руските специјални служби”, рече тој.

Истражителите тврдат дека осомничениот извршувал задачи кои му биле поставени, пред се да им пренесува на руските специјални служби информации и материјали од воената индустрија, како и информации за полски правни ентитети и полските граѓани.

Уапсениот, наводно, ги пруфатил обвиненијата,а судот му одредил три месеци притвор. Сите детали за случајот се тајни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Процесот на преговори со ЕУ не смее да се оптоварува со историски контроверзии

ти на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во Брдо кај Крањ....

Македонија3 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно...

Економија6 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет7 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија7 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет7 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет9 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа9 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет10 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет10 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет10 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Досие