Европа
Во Унгарија рекорден број починати од коронавирус за еден ден, дури 207

Во Унгарија е поставен нов црн рекорд на бројот на смртни случаи во еден ден.
Во изминатите 24 часа, 207 лица, претежно постари пациенти со придружни болести, починале како резултат на болеста Ковид-19, а биле регистрирани 6.502 новозаразени, е објавено на веб-страницата koronavirus.gov.hu, пренесува МТИ.
Агенцијата наведува дека, според денешните податоци на овој владин портал, досега во земјата се имунизирани вкупно 1.441.706 лица, од кои 421.915 примиле втора доза вакцина.
Бројот на активни заразени во Унгарија се искачи на 160.557, а во болниците во моментот има 10.386 ковид-пациенти, од кои 1.170 имаат потреба од кислородна поддршка, според МТИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот вид

Француските власти ќе ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил со цел да се спречи ширењето на новиот вид на коронавирус, откриен во таа јужноамериканска земја, изјави францускиот премиер Жан Касте.
Во обраќањето пред францускиот парламент во Париз, Касте рече дека властите се свесни дека епидемиолошката состојба се влошува и одлучија да ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил до ново известување.
Неколку водечки француски лекари со денови ги повикуваат властите да го прекинат воздушниот сообраќај на релација со Бразил.
Француската министерка за здравство Оливија Веран минатиот месец изјави дека видови од вирусот корона од Бразил и Јужна Африка се регистрирани кај околу шест проценти од заразените во Франција.
Европа
Меркел: Ќе стојам настрана во врска со кандидатот за канцелар

По веста во светот дека Армин Лашет е новиот кандидат на Демохристијанската партија за нов канцелар на Германија, сите очекуваа Ангела Меркел да се огласи по повод неговата кандидатура.
Како дел од денешното обраќање на Меркел за моментната состојба во врска со коронавирусот во земјата, многумина очекуваа коментар за кандидатурата за претстојните избори, но таа на медиумите им даде само кус коментар – дека не сака да се меша во прашањето кој ќе биде кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар.
„Сакав, сакам и ќе останам настрана“, рече таа.
Една од причините зошто јавноста сакаше да го коментира изборот на кандидат на нејзината партија е неодамнешниот конфликт што го имаше со Лашет.
Тој се судри со Меркел за антиепидемиските ограничувања, а популарноста што ја уживаше како премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, беше компромитирана од хаотичното управување со пандемиската криза.
Многу конзервативци се нервозни за изборите во септември бидејќи Ангела Меркел ги предводеше во четири изборни победи. Таа не поддржа експлицитно ниеден од кандидатите, но навести дека ќе му ја даде својата поддршка на лидерот на ЦДУ.
Европа
Германската влада ќе побара привремени овластувања од Бундестагот

Откога неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања за да може да спроведува мерки на блокада во целата земја.
Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од зараза, со цел на федералната влада да ѝ се дадат поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации, пренесува „Ројтерс“.
Новиот закон, кој ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители три дена по ред надминува 100.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш