Свет
Во Франција 292 починати и над 20.000 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Франција се потврдени 21.634 нови случаи на коронавирус, а 292 лица починаа, објави Министерството за здравство на таа земја.
Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 2.527.509, а досега се регистрирани 62.268 смртни случаи.
Франција во моментот е на седмото место во светот според бројот на смртни случаи од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.
Свет
Почина Лери Кинг

Легендарниот американски телевизиски водител, Лери Кинг, почина на 87-годишна возраст.
— Larry King (@kingsthings) January 23, 2021
Веста за смртта ја објави на „Твитер“ неговото продукциско студио „Ора ТВ“.
На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран поради коронавирус.
Кинг беше ветеран на американската телевизија и радио, најпознат по интервјуата со познати личности од сите сфери на животот. Во текот на својата кариера, тој објави неверојатни 60.000 интервјуа.
Свет
Уапсена сопругата на Навални на протест во Москва

На протестот против рускиот претседател Владимир Путин во Москва уапсена е Јулија Навални, сопругата на главниот противник на Путин, Алексеј Навални. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.
„Извинете за слабиот квалитет на сликата, осветлувањето во комбето е лошо“, напиша сопругата на Алексеј Навални покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
Протестите за поддршка на затворениот руски дисидент Алексеј Навални и изразувањето на гнев поради државната репресија започнаа со апсења, пренесуваат агенциите.
Навални во моментов е во истражен затвор каде издржува 30-дневен притвор. Руското правосудство го товари за кршење на условната казна со неговото заминување во Германија на лекување, откако беше отруен со „новичок“.
Во Хабаровск, кој е седум часа пред Москва поради временската разлика, активистите споделија видеа од полицијата како тепа демонстранти и ги става во полициско возило. Градот протестира и против апсењето на популарниот гувернер Сергеј Фургал.
И покрај сибирското студено време, стотици демонстранти излегоа на улиците на Владивосток и Иркутск, извикувајќи: „Ние сме моќни“ и „Путин е лажго“.
Поддржувачите на Навални најавија протести во повеќе од 90 градови низ целата земја, организирани преку социјалните медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја предупреди јавноста да не учествува во неовластени протести. Покрај тоа, предупеди тој, сите протести поради пандемијата се забранети со месеци.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот