Контакт

Свет

Во Холандија пуштен во употреба првиот трансродов пешачки премин

Објавено пред

Додека неколку градови во Европа веќе создадоа специјални сообраќајни ознаки, бојосувајќи класични зебра-премини во боите на виножито за да ѝ оддадат почит на ЛГБТ-заедницата и да ги поддржат еднаквите права, еден холандски град тврди дека е првиот во светот што конкретно ги поддржува трансродовите луѓе, пренесува „Спутник“.

Холандскиот град Алмере, недалеку од Амстердам, отвори пешачки премин во три бои за поддршка на трансродовите луѓе. Пешачкиот премин, за кој се тврди дека е прв од ваков вид во светот, е обоен розово за девојчиња, сино за момчиња и бело за оние кои не чувствуваат дека припаѓаат на својот биолошки пол.

Специјалниот премин беше отворен за време на Зимската парада на гордоста во Алмере, што се одржа за промовирање еднакви права на ЛГБТ-заедницата.

„Во Алмере, секој може да биде што сака“, изјави алдерманот (клучна општинска позиција во Холандија) Јержи Сетекоу, претставник на социјалдемократите.

Новоотворениот трансродов премин не е првиот специјален знак на поддршка за ЛГБТ-луѓето во Алмере бидејќи веќе има пешачки премин во боите на виножито. Неколку европски градови, меѓу кои и Мастрихт, Лондон, Париз и Хамбург, исто така, имаат вакви пешачки премини.

Реакцијата за овој знак за поддршка на трансродовите луѓе е мешана. Додека некои го поздравија овој потег на профилот на Алмере на Фејсбук, други ја доведоа во прашање законитоста за воведување посебен сообраќаен маркер.

„Сите научивме дека пешачкиот премин е црнобел за предност на сите пешаци. Дали ова значи дека не треба да им давате приоритет на нетрансродови луѓе и да продолжите да возите? Зарем не треба ова да се прилагоди на Законот за сообраќај?“, гласи еден од коментарите.

Некои беа покритични во врска со идејата, сугерирајќи дека изгледа како шега.

Свет

Покрената нова кривична постапка против Алексеј Навални

Објавено пред

Предводникот на руската опозиција Алексеј Навални и неколку негови блиски соработници повторно се обвинети за екстремизам и може да добијат долгогодишни затворски казни, објавија руските обвинители, по неколкумесечна репресија на неговото движење.

Според Истражниот комитет, кој спроведува големи кривични истраги во Русија, Навални и неговите соработници се обвинети за основање и водење екстремистичка организација, која повикувала на промена на власта по насилен пат во периодот од 2014 до 2021 година.

Организациите на Навални беа забранети поради екстремизам, во јуни, пред изборите на 19 септември.

Партијата Единствена Русија на Путин победи на изборите, а радикалната опозиција не смееше да учествува.

Цел на новата кривична истрага се двајцата најблиски соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои со месеци живеат во егзил, како и многу други противници на Путин.

Предмет на истрагата е и Љубов Собол, друг соработник на Навални.

Руските власти ги обвинуваат дека сакаат да ги дискредитираат државните органи и нивната политика, да ја дестабилизираат ситуацијата во регионите, да ја разбудат желбата за народни протести и да ја убедат јавноста во потребата да се промени власта со насилство.

Нелегалните протести што ги организирале, според властите, служеле како повици за екстремистички и терористички дела.

Доколку бидат осудени, Навални, Жданов и Волков се соочуваат со затворска казна од 6 до 10 години, а другите како Собол од две до шест години.

Прикажи повеќе...

Регион

Рекорден број заболени од коронавирус во Србија, починаа 45 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 8.467 нови случаи на Ковид-19, а 45 лица починаа. Според српските медиуми, ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа тестирани се 26.292 лица. На респиратор има 251 пациент.

Денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го коментира воведувањето на ковид-пасошите поради моментната епидемиолошка состојба.

„Подготвивме сѐ за ковид-пасошите. Тие не се сребрен куршум за решавање на ситуацијата, тие се само начин да се мотивираат младите да се вакцинираат и ништо повеќе. Одговорот на сето ова е вакцинација. Ова е поразително бидејќи тоа е дел од граѓанската солидарност. Демократијата е таква, не можеме да воведеме задолжителна вакцинација“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Европа мора да изгради сопствени воени способности

Објавено пред

Европа мора да престане со наивноста кога станува збор за одбрана на своите интереси и мора да изгради сопствени воени способности, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно овој месец, Франција западна во дипломатска криза со САД, Австралија и со Обединетото Кралство поради трилатералниот договор за нуклеарна безбедност, кој ја остави без договор за набавка на подморници во вредност од десетици милијарди долари со Австралија.

Тоа предизвика незадоволство во Париз поради претходниот традиционален сојуз на Австралија и Франција, пренесуваат агенциите.

Говорејќи првпат по ова прашање, Макрон ја искористи можноста да побара поголема европска автономија, а Вашингтон сѐ повеќе ги префрла своите интереси кон Кина и Индо-Пацификот.

„Европејците мора да престанат да бидат наивни. Кога сме под притисок на големите сили, мора да реагираме и да покажеме дека имаме моќ и способност да се браниме. Нема потреба од ескалација на тензиите, само треба да им покажеме дека можеме да се заштитиме“, рече тој на прес-конференција.

„Ова не е алтернатива на сојузот со САД. Тоа не е замена, туку преземање одговорност за европскиот столб во рамките на НАТО и изведување заклучоци дека од нас се бара да се грижиме за сопствената заштита“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Заев – Фон дер Лаен: Oчекувaме придвижување во однос на проширувањето на ЕУ

Премиерот Зоран Заев попладнево ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен. Како што напиша тој на социјалните...

Топ4 часа

Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но...

Свет5 часа

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија6 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија7 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет7 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион8 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија8 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија9 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија22 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија1 ден

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа1 ден

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија1 ден

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Досие